Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Реакција на информацијата објавена од Министерството за труд и социјална политика на РМ за усвојување на Оперативниот план за вработување за 2019 година со издвојување на рекордни 1,1 милијарда денари

На 05.02.2019 година, Министерството за труд и социјална политика, објави информација во која наведува дека Владата на РМ го усвоила Оперативниот план за вработување за 2019 година, а за оваа намена од буџетот на државата издвоила „рекордни 1.1 милијарда денари“ наменети за преквалификација и до едукација на невработени лица.

Би сакале да ја информираме јавноста дека средствата кои се издвоени за спроведување на активните политики за вработување за 2019 година, не претставуваат рекорден износ на средства кои досега се издвоени за оваа намена, односно претставува само зголемување од 5% во однос на 2018 година, кога биле извоени 1.045.794.835 денари. Па така, од ваквата минимална промена во износот на издвоени средства, не може да се очекува некое значително зголемување во опфатот на крајни корисници со предвидените мерки за вработување во однос на претходните години.

Во услови кога:

- се бележи значителен пораст на средствата кои АВРМ од буџетот на РМ ѝ ги префрла на УНДП за спроведување на програмите, мерките и активностите за вработување (405.881.283 денари во 2018 година);

- 63 % од анкетираните 826, се лица што се долгорочно невработени, односно не се вработени повеќе од четири години;

- 46% од анкетираните 826 граѓани не се регистрираат во евиденцијата на АВРМ;

- 74 % од анкетираните регистрирани невработени лица не знаат дека имаат право на пристап до мерките, програмите и услугите за вработување утврдени со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд; итн.

Министерството при креирањето на активните политики за вработување, треба да стави посебен акцент, не на износот на издвоени стредства, туку на видот, начинот, квалитетот и обемот на мерки за вработување кои ги предвидува.

Во таа насока особено внимание треба да се посвети на следното: средствата издвоени во оперативниот план да се менаџираат во целост од Агенцијата за вработување без одлевање на средства од буџетот кон УНДП врз кои институциите немаат контрола; да се подобри статистиката и начинот на водење на евиденцијата од страна на Агенцијата; да не се фаворизираат одредени мерки за вработување помеѓу граѓаните и да се поттикнат граѓаните да користат повеќе од мерките; да се утврди зошто невработените граѓани не ги користат услугите на Агенцијата за вработување; да се превземат мерки да се охрабрат невработените граѓани да се регистрираат во евиденцијата на невработени, со посебен фокус на нерегистрираните жени; да се преземат мерки за запознавање на граѓаните со услугите кои ги нуди АВРМ преку утврдување на тоа кој вид на комуникација е најсоодветен за различните категории на граѓани; да се спроведат теренски активности од АВРМ во заедницата со цел воспоставување на непосредни односи со неа, а со тоа и враќање на довербата во оваа институција; да се воспостави пракса на непосредно информирање на граѓаните за активните мерки при секоја посета на подрачната единица на Агенцијата; да се планираат и преземат специфични мерки за вработување на повозрасните невработени лица; итн.

Повеќе информации можете да најдете во анализата која е достапна на следниот линк: http://www.esem.org.mk/pdf/Publikacii/2018/Анализа_Активни%20мерки.pdf

 

Со почит,

м-р. Дарко Антиќ

Координатор на програмата „мониторинг и анализа на буџети“

 

Реакција на информацијата објавена од Министерството за труд и социјална политика на РМ за усвојување на Оперативниот план за вработување за 2019 година со издвојување на рекордни 1,1 милјарда денари

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар