Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Четврта обука за параправници

Здружението ЕСЕ одржа тродневна обука за параправници, со цел континуирано јакнење на капацитетите, односно зајакнување на знаењето и вештините на параправниците кои обезбедуваат помош и поддршка на ранливи групи на граѓани, како што се Ромите, текстилните работнички, сексуалните работнички, корисници на дроги и др.

Теми на дискусија се: Извори на правото и системот на државно уредување; Семејно и наследно право; Постапување со полиција, ОЈО и кривичен суд; Семејно насилство, феноменологија и законска рамка. Станува збор за четвртата последователна обука која се организира на наведените теми, со цел совладување на знаењето од страна на параправниците. Од методолошки аспект обуката вклучи предавања од страна на обучувачите, како и пополнување на прашалници за проверка на знаењето од страна на присутните претставници на граѓанските организации. 

На обуката учествуваа претставници од граѓанските организации: ИРИЗ; Романо Чачипе; КХАМ; Гласен текстилец;  Хелсиншки Комитет; ХЕРА и ХОПС.

Истата е дел од активностите кои Здружението ЕСЕ ги имплементира во рамките на Проектот „Заедничка рамка за правно описменување и зајакнување“ финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар