На 03 мај 2018 година се одржа третата по ред средба за вмрежување на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во хотел Бест Вестерн, а на истата присуствуваа 15 претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар - Битола, Женски Форум - Тетово, Организација на жени на градот Струмица и ГИЖ Свети Николе. На средбата Маја Ангеловска, програмски менаџер од МКЦ - Битола даде краток осврт на програмите и услугите за вработување предвидени со Оперативните планови за вработување за период 2014 - 2017 година и Здружението ЕСЕ ги презентираше инструкциите за спроведување на анкетното истражување во заедницата а оценување на задоволството, квалитетот, корисноста и достапноста на активните мерки за вработување, како и реализација на првиот влез во домаќинствата.
https://esem.mk/index.php/shto-rabotime-sega/2986-treta-sredba-za-vmrezuvanje-na-organizaciite-vkluceni-vo-proektot-%E2%80%9Csocijalna-otcetnost-za-rodova-ednakvost%E2%80%9D.html#sigFreeIddbbeadddff