Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Организирање на трета работна средба за ревидирање на прашалниците за судско набљудување

Здружение ЕСЕ го спроведува проектот „Патеки до правда за жени кои претрпеле семејно насилство“, со финансиска поддршка од  Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Основна цел на проектот кој го спроведува Здружение ЕСЕ е подобрување на пристапот до правда за жени кои претрпеле семејно насилство.

На ден 25ти јануари 2018 година во Скопје се организираше третата работна средба за ревидирање на формулари (прашалници) за набљудување на судски предмети поврзани со семејно насилство. На средбата присуствуваа граѓански и кривични судии, судија од апелационен суд, адвокат, претставници на Здружение ЕСЕ и Колиција Сите за правично судење. Предмет на ревидирање беа прашалниците за собирање на податоци за кривичните и  граѓанските судски постапки за заштита од семејно насилство, претходно користени во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените.

Процесот на судско набљудување на предмети поврзани со семејно насилство ќе започне во февруари 2018 година, во 10 основни судови во државата.

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар