Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Организирање на втора работна средба за ревидирање на прашалниците за судско набљудување

Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество во Здружение ЕСЕ го спроведува проектот „Патеки до правда за жени кои претрпеле семејно насилство“, чија основна цел е подобрување на пристапот до правда за жени кои претрпеле семејно насилство.

На ден 18ти јануари 2018 година во Скопје се организираше втората работна средба за ревидирање на формулари (прашалници) за набљудување на судски предмети поврзани со семејно насилство. На средбата присуствуваа граѓански и кривични судии, судија од апелационен суд, адвокат, претставници на Здружение ЕСЕ и Колиција Сите за правично судење. Предмет на ревидирање беше прашалникот за собирање на податоци за граѓанските судски постапки за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство, претходно користен во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените. Претходно, во месец декември 2017 година, на првата работна средба се ревидираше прашалникот за следење на кривични судски постапки за сторени кривични дела како резултат на семејно насилство.

Третата работна средба за финализирање на прашалниците за судско набљудување на кривични и граѓански судски постапки за заштита од семејно насилство ќе се оддржи на ден 25ти јануари 2018 година.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар