Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Втора обука за параправници 01-03 декември 2017, Дојран

Здружение   ЕСЕ   во   рамки на   активностите   за   “Стандардизирање и   одржливост   на обезбедувањето на различни видови на бесплатна правна помош” подржанo од Фондацијата Отворено општество Македонија - ФООМ во рамки на активностите за правно зајакнување- Legal Empowerment Shared Framework 2017, во периодот 9-11 јуни во хотел Романтик, Велес ја одржи првата обука за параправници. Како продолжение на заложбите за континуирано јакнење на капацитетите на параправниците во периодот од 1-3 декември, 2017 година во хотел Романтик, Дојран се одржа втората по ред обука за параправници. Оваа обука овозможи надополнување и надоградување на веќе стекнатите знаења и вештините на параправниците на темите и прашањата од областа на  основната поделба на власт и извори на правото; казненото право и постапка; семејното  и  наследното  право;  граѓанската  постапка  и  семејното  насилство,  како  еден  од видовите на насилство.   Дел од обуката беше посветена на работа на случаи кои овозможија стекнатите знаења и вештини да се применат на различни видови на случаи кои беа предмет на интерес на оваа обука. На обуката присуствуваа 33 параправници (шест граѓански организации) кои обезбедуваат параправна помош и поддршка на различни ранливи групи на граѓани. Во насока на континуирано градење на капацитетите на параправниците,следната година планирани се низа на обуки на веќе утврдените прашања од интерес, како и на теми кои заеднички со параправниците беа утврдени при евалуација на веќе спроведените обуки. 


 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар