Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

ЕСЕ организираше почетна средба со судовите на 05ти декември 2017

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените -  ЕСЕ во месец октомври оваа година започна со реализација на двегодишниот проект „Патот до правда за жени кои претрпеле семејно насилство“, финансиски поддржан од  Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави – УСАИД, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Основна цел на проектот кој го спроведува Здружение ЕСЕ е подобрување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство, односно унапредување на кривичните и граѓанските судски постапки за заштита од семејно насилство.

На 05ти декември 2017 година во Скопје се организираше почетна средба со претседатели и судии од основните судови, со цел информирање за претстојниот проект и динамиката на заеднички активности. На настанот присуствуваа претставници од следните судови: Основен суд скопје 1, Основен суд Скопје 2, Апелационен суд Скопје, Основен суд Битола, Основен суд Тетово, Основен суд Гостивар, Основен суд Радовиш и Основен суд Прилеп.

Во рамките на оваа иницијатива во периодот кој следи ќе се работи на унапредување на судското постапување во предметите поврзани со семејно насилство, забрзување на реформите во кривично-правниот и граѓанско-правниот систем на заштита, како и обезбедување на бесплатна правна помош и психолошко советување за жените кои претрпеле семејно насилство. 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар