Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Повик за развивање на материјали и спроведување на обука за контекстот, политиките и мерките за вработување во Република Македонија за проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА БАРАТЕЛОТ И ПРОЕКТОТ

Здружението  за  еманципација,  солидарност  и  еднаквост  на  жените  (ЕСЕ)  од Скопје  бара  заинтересирани експерти  за  развивање  на  материјали  и спроведување на обука за контекст, политики и мерки за вработување во Република Македонија за потребите на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” (Grant Contract Ref. No. EuropeAid/151569/ACT/MK).

Крајни корисници на обуката се претставници на 30 претставници на локални граѓански организации од Република Македонија.

Мисија на Здружението ЕСЕ и опис на дејноста:

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ го развива и го помага женското и граѓанското лидерство за развој и спроведување на човековите права и социјалната правда во нашето општество.

ЕСЕ се води од својата посветеност кон решенија на проблемите. По пат на промовирање и унапредување на човековите права ја подобруваме социјалната и економската правда, притоа сметајќи дека правата на човекот претставуваат неделив збир од стандарди што треба сите да ги уживаат. Посебно сме посветени на работата на полето на промовирање и унапредување на здравствените  права и правата на жените. Затоа сме фокусирани на две цели – да излеземе во пресрет на итните потреби на граѓаните, посебно на ранливите групи, и да влијаеме при креирањето на одржливи, долгорочни промени. Правиме многу повеќе од документирање, пријавување и осуда на нанесените неправди. Обезбедуваме правна и параправна помош и на тој начин им овозможуваме на граѓаните да ги остварат своите права и  да ги променат условите во кои живеат. Но, уште повеќе, се застапуваме за менување на законите и политиките што влијаат врз спроведувањето  на  здравствените  права и  правата  на  жените.  Застапуваме  на национално, но, и на меѓународно ниво. Подготвуваме и поднесуваме „извештаи во сенка“ и  други видови документи за спроведување на меѓународните документи за правата на човекот пред одговорните меѓународни тела.

Општа цел на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”:

Воспоставување на мрежа на граѓански организации кои ќе работат на промоција на социјалната отчетност како методологија за унапредување на родовата еднаквост.

Специфични цели на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”:

- Мониторинг и оценка на ефикасноста и ефективноста при трошењето на средства од Буџетот на РМ при обезбедување на активни мерки за вработување;

- Унапредување на капацитетите на локалните граѓански организации и локалните заедници (жени и мажи) за примена на методологијата на социјална отчетност со цел застапување за унапредување на родовата еднаквост; и

- Зголемување на видливоста на прашањата на транспарентност и отчетност во областа на планирањето и буџетирањето на политиките за родова еднаквост.

Времетраење  на  проектот:  36  месеци,     од  01  јануари,  2017  година  до  31 декември, 2019 година.

II. ОПИС НА АНГАЖМАНОТ:

Лицето кое ќе биде  избрано преку овој повик треба да ги обезбеди следните услуги:

- Прибирање и анализа на релевантна литература и документи;

- Подготовка и одржување на обука (пет сесии распоредени во два дена);

- Подготовка на материјали и презентации;

- Спроведување на евалуација и проценка на знаењата на учесниците на обуката;

- Подготовка на извештај за спроведената обука и евалуација.

Обуката  и  материјалите  треба  да  бидат  развиени  на  тој  начин  што  ќе  ги презентираат следните теми:

1.   Политика  за  вработување  во  РМ  (контекст,  процедури  и утврдување  на приоритети при развивање на политиките за вработување; статистички податоци кои ја илустрираат состојбата во РМ; усогласеност со европските стандарди; итн.)

2. Афирмативни  мерки  за  вработување  како  дел  од  политиката  за вработување и нивното значење (преглед, значење, корисници, актери, итн.)

3.   Детален преглед на три активности од Оперативниот План за вработување за 2017 година: 1.1. Програма за самовработување, 2.3 Субвенционирано вработување на невработени лица - Проект Македонија вработува 2 и 6. Услуги кои ги нуди Агенцијата за вработување.

Содржината на секој од тематските модули за обука треба да биде испорачана преку методологија која ќе обезбеди висок степен на интеракција и активно вклучување на учесниците .

III. ОЧЕКУВАНИ  ПРОДУКТИ

- Програма за обука;

- Развиени материјали за учесници за секоја од петте сесии;

- Развиени презентации за секоја од петте сесии;

- Развиен формулар за евалуација и проценка на знаењата на учесниците на обуката;

- Подготвен извештај за спроведена обука и евалуација (само за петте сесии од обуката во кои лицето е директно инволвирано).

IV. ВАЖНИ  И НФО РМ АЦИИ  ЗА  ПО ДГ О ТО ВКА  НА  ПО НУДИТЕ

Цените во понудата треба да бидат пресметани по часови ангажман за спроведување на секоја од бараните актив ности и подготовка на бараните продукти.  Надоместокот  за  испорачаната  услуга  е  18.448 МКД  во  бруто  износ (со вклучен персонален данок на доход).   Износот  не  ги  вклучува   трошоците  за сместување   на   експертот,   храна   и   транспорт   на   експертот   кои   ќе   бидат надоместени  дополнително  преку  проектот.     Понудите  треба  да  се  достават најдоцна до 28 Јули 2017 година.

Со избраниот понудувач, Здружението ЕСЕ ќе склучи договор за развивање на материјали и спроведување на обука за контекст, политики и мерки за вработување во Република Македонија во времетраење од денот на склучување до 10 октомври 2017 година.

 Реализацијата  на  активностите  и  обезбедувањето  на  продуктите   наведени  под дел  два  и  три  од овој  повик  се очекува  да  биде по следниот  редослед:

- Програма за обука, 15 септември 2017 година;

- Развиени материјали за учесници за секоја од петте сесии, 02 октомври 2017 година;

- Развиени презентации за секоја од петте сесии 02 октомври 2017 година;

- Развиена форма за евалуација и проценка на знаењата на учесниците на обуката,

02 октомври 2017 година;

- Подготвен извештај за спроведена обука и евалуација (само за петте сесии од обуката во кои лицето е директно инволвирано), 10 октомври 2017 година;


Овој проект е поддржан од Европската унија во рамките на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015.

Image result for eu flag             Image result for здружение есе              Image result for акција здруженска

Овој проект е финансиран од Европската Унија

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар