Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Обука за фацилитатори и аниматори

Во периодот од 12 до 16 октомври, 2016 година Здружението ЕСЕ со финансиска помош и поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија спроведе петдневна обука на претставници на партнерските ромски организации (ЦДРИМ, КХАМ и РРЦ) и претставници на ромската заедница од Шуто Оризари, Делчево, Виница и с. Црник кои во наредниот период ќе учествуваат во спроведувањето на активностите од новиот интегриран концепт на социјална отчетност и правно зајакнување. Обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на лицата кои ги спроведуваат активностите од интегрираниот концепт на социјална отчетност и правно зајакнување во следните области: здравјето како концепт; право на здравје; заштита на здравствени права; здравствено осигурување; организација и финансирање на националниот здравствен систем; здравје на мајките и децата; и женско и репродуктивно здравје. Дополнително, обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на организациите за спроведување на прашалник во заедницата, како и заедничка подготовка на план на идни чекори за работа.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар