Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Проект на УСАИД за правна заштита на жените: Обука за граѓански организации

Во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените, во периодот од 21ви - 23ти јуни 2016 година во хотел Рамада Плаза, Гевгелија, Здружението ЕСЕ организираше обука за граѓански организации на тема „Примена на меѓународните и регионални механизми за заштита на женските човекови права со фокус на насилство врз жените“. На обуката се обратија претставници на IWRAW Asia Pacific од Малезија, Ayesha Sen Choudhury и Wathshlah Naidu, како и Јаким Наумов, адвокат од Р. Македонија.  

На настанот присуствуваа претставници на десетина граѓански организации кои работат на полето на обезбедување на правна помош за жените жртви на насилство. На присутните им беа во детали презентирани механизмите за заштита на женските човекови права на меѓународно и регионално ниво, односно Комитетот за елиминирање на дискриминацијата врз жените при ОН и Европскиот суд за човекови права.   Посебна сесија имаше за разгледување на дел од случаите на дискриминација и насилство врз жените на кои работат граѓанските организации, како и подготовка на план за следни активности кои треба да бидат преземени во рамките на истите.

Во периодот кој следи, Здружението ЕСЕ ќе организира работни средби со претставниците на граѓанските организации на кои ќе се работи на идентификување, подготовка и поднесување на случаи на насилство и дискриминација врз жените за стратешко застапување на национално, регионално и меѓународно ниво.  

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар