Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Учество на Здружението ЕСЕ на јавната расправа во Комисијата за здравство во Собранието на Република Македонија

Претставник од Здружение ЕСЕ учествуваше на Јавната расправа на тема „Перинатална, доенечка и смртност на родилки во Република Македонија“, која беше одржана од страна на Комисијата за здравство при Собранието на Република Македонија на 20 ноември 2015 година. Комисијата за здравство ја организираше јавната расправа, бидејќи во периодот од 2011 до 2014 година се бележи пораст на перинаталната и доенечката смртност, како и смртноста на родилките во Република Македонија.

На јавната расправа од страна на претставникот на ЕСЕ беа образложени клучните наоди од работата на Здружение ЕСЕ кои се однесуваат на утврдените проблеми поврзани со здравјето и здравствената заштита на мајките и децата во Р. Македонија.

При излагањето беа потенцирани следните клучни проблеми: недоволен број на матични гинеколози во Р. Македонија; константно намалување на буџетот на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во периодот од 2011 до 2015 година; континуирана нецелосна реализација на буџетските средства наменети за Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во периодот од 2011 до 2014 година; недоволен опфат на мајките и децата од ромската заедница со активностите од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, особено во однос на патронажните посети и здравствената едукација. Воедно при излагањето беа дадени и препораки за унапредување на состојбите.

Деталното излагање на Здружение ЕСЕ можете да го прочитате тука.

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар