На 21-ви Октомври 2015 година во хотел Кичево, Здружението ЕСЕ во соработка со УНАСМ, организираше едукативна трибина за информирање на вработени и невработени лица од јавниот и приватниот сектор во однос на појавата на вознемирување на работно место. Посебен дел од работилницата беше фокусиран на елаборирање на законската регулатива и механизмите за заштита на жртвите на психичко и сексуално вознемирување на работно место, како и на давање предлози за нејзино унапредување. На работилницата присуствуваа 25 учесници, а пак предавачи на истата беа: Дивна Змејковска и Билјана Чкламовска.
Оваа активност е продолжение на досегашните активности на ЕСЕ на полето на унапредување и заштита на жртвите на вознемирување на работно место и истата е финансиски поддржана од CNV Холандија.
https://esem.mk/index.php/shto-rabotime-sega/1625-rabotilnica-%E2%80%9E-zastita-od-voznemiruvanje-na-rabotno-mesto%E2%80%9D.html#sigFreeIdbb4f48259f