Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Работна средба за унапредување на фискалната транспарентност во јавниот здравствен сектор и олеснување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер

На 25 септември 2015 година, во ГЕМ Клубот во Скопје, Здружението ЕСЕ спроведе работна средба за унапредување на фискалната транспарентност во јавниот здравствен сектор и олеснување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер. На работната средба учествуваа 15 претставници на ЈЗУ од Р. Македонија. Односно, учество земаа ЈЗУ ЗД Македонски Брод, ЈЗУ ЦЈЗ Велес, ЈЗУ Институт за јавно здравје, ЦЈЗ Тетово, ЦЈЗ Скопје, ЦЈЗ Охрид, ЈЗУ ЗД Скопје, ЈЗУ ЗД Струга, ЈЗУ ЗД Кавадарци, ЈЗУ ЗД Дебар и ЈЗУ ЗД Ресен.

На работната средба ЕСЕ и претставниците од јавните здравствени установи дискутира за: можните начини за унапредување на сегашното ниво на транспарентност во јавниот здравствен сектор;  начинот на кој досега се спроведува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и потешкотиите со кои се соочуваат јавните здравствени установи за целосно исполнување на законските обврски; можни чекори за унапредување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер; предлози за заедничка соработка и иницијативи на јавните здравствени установи и Здружението ЕСЕ итн.

На работната средба Здружението ЕСЕ ја претстави  и ново креираната интернет платформа Фискална Транспарентност Македонија (ФТМ – www.fiskalnatransparentnost.org.mk) и ја презентираше и образложи методологијата за оценување на нивото на реактивна и проактивна транспарентност помеѓу јавните институции во РМ која ЕСЕ ја спроведува во изминатите две фискални години.

На работната средба присутните предложија конкретни заеднички чекори за натамошно делување со цел зголемување на обемот на јавно достапни финансиски и програмски информации и документи и олеснување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар