Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Здружението ЕСЕ и Министерството за здравство одржаа втора по ред работна средба во рамки на процесот за унапредување на фискалната транспарентност на Владата на РМ

На 23 септември, 2015 година во просториите на Министерството за здравство се одржа втората по ред работна средба на претставници на Здружението ЕСЕ  и Министерството за здравство на РМ одговорни за координирање на превентивните и куративните програми од буџетот на министерството. Имено, Владата на РМ  по разгледување на прогресот за имплементацијата на Акцискиот план за Отворено владино партнерство за 2014 - 2016 година, го задолжи Министерството за здравство најдоцна до 31 декември 2015 година да усвои и објави годишен финансиски и програмски извештај за секоја од превентивните и куративните програми финансирани од буџетот на Министерството за здравство на интернет страницата на министерството. Објавувањето на извештаите понатаму треба да се одвива во континуитет, односно министерството ваквите извештаи треба да ги објавува на полугодишно и годишно ниво.

Во таа насока на втората средбата беа презентирани одготвените предлози на извештаите подготвени од Здружението ЕСЕ, беа договорени индивидиални состаноци на Здружението ЕСЕ со претставници на Министерството за здравство со цел финализирање на форматот за подготовка на извештаите и беше заклучено дека најдоцна до крајот на месец октомври Здружението ЕСЕ и Министерството за здравство да ги финализираат форматите на програмско и финансиско известување кои понатаму министерството ќе ги користи и објавува со своето работење.

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар