Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Здружението ЕСЕ и Министерството за здравство одржаа работна средба во рамки на процесот за унапредување на фискалната транспарентност на Владата на РМ

На 07 јули, 2015 година во просториите на Министерството за здравство се одржа работна средба на претставници на Здружението ЕСЕ  и Министерството за здравство на РМ одговорни за координирање на превентивните и куративните програми од буџетот на министерството. Имено, Владата на РМ  на својата 79-та седница  одржана на 15.06.2015 година по разгледување на прогресот за имплементацијата на Акцискиот план за Отворено владино партнерство за 2014 година, го задолжила Министерството за здравство да организира и спроведе работна средба на која претставниците на ЕСЕ и координаторите на превентивните и куративните програми од ова ресорно министерство при што ќе утврдат обрасци на финансиски и програмски извештај за секоја од програмите кои на полугодишно ниво ќе биде објавувани на интернет страницата на Министерството за здравство.

Во таа насока на средбата беа разгледани предлози на обрасци на извештаите подготвени од министерството и беше заклучено дека најдоцна до почетокот на септември, 2015 година Здружението ЕСЕ детално ќе ги разгледа и предложи сугестии на предложените обрасци од страна на министерството, а во текот на месец септември 2015 година овие обрасци ќе се финализираат заедно со претставниците од министерството. Министерството за здравство ќе започне да ги објавува извештаите за финансиско и програмско известување по ново усвоените обрасци од 2016 година.

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар