Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Работна посета на колегите од Универзитетот Johns Hopkins, 07 -11, јули, 2015 година

Оваа година ЕСЕ  во соработка со колегите од Универзитетот Johns Hopkins работи на спроведување на оценка на влијанија на проектните активности за "Пристап до правдата", финансиски подржани од Фондациите отворено општество врз здравјето на корисниците на овие проектни активности.  

Имено, правното описменување и зајакнување , како стратегија за подобрување на здравствените права и резултати во областа на јавното здравство се во зародиш, при што постои недостаток на критички методи за оценување на ваквиот вид на проектите преку здравствена перспектива. Да се обезбеди поголема строгост и јасност во евалуација на влијанието на интервенциите од областа на правното описменување и зајакнување врз здравјето постои потреба од дефинирање на сеопфатната рамка која ќе ги постави односите меѓу правното описменување и и зајакнување и утврди потенцијалните индикатори за влијание. За да се дефинира ваква рамка, потребно е да се разгледа постојната релевантна литература за оценување на активностите за правно описменување и зајакнување, како и литература која содржи пошироко толкување и разбирање на разновидноста на целите и терминологијата која се користи за ова прашање.

Во рамки на оваа иницијатива во периодот од 7-11 јули, 2015 година во посета на ЕСЕ беше Katherine Footer, научен соработник при Центарот за истражување на јавно здавје и човекови права на Одделот за епидемиологија, Школа за јавно здравје на Универзитетот Johns Hopkins. Најголем дел од посетата беше посветен на запознавање на работата на ЕСЕ и ГО КХАМ од Делчево која на локалното Ромско население обезбедува параправна помош и поддршка од областа на заштита на здравствените права. За таа цел остваривме посета на заедницата во Делчево со која ГО КХАМ соработува по однос на ова прашање.

Како резултат на средбата беше подготвен нацрт на план за оценка на влијанието на активностите на ЕСЕ за социјална отчетност и правно описменување и зајакнување, која дополнително ќе се финализира до крајот на годината.

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар