Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Европска конференција за јавно здравје 2018

Координаторот на Програмата за јавно здравје и здравје на жените учествуваше на 11-та Европска конференција за јавно здравје, која се одржа во периодот од 28 ноември до 01 декември 2018 година во Љубљана, Словенија. Во рамки на конференцијата, координаторот имаше презентација насловена Пристапи базирани во заедницата со цел унапредување на здравјето на Ромите во Р. Македонија. Во рамки на презентацијата беа образложени методологиите кои ги спроведуваат ЕСЕ и партнерските ромски организации, односно методологиите на социјална отчетност и правно зајакнување. При тоа особен акцент беше ставен на корисност од овие методологии во процесот на вклучување на ромската заедница во процесите на мониторинг на здравствените политики, остварувањето на нивните права од областа на здравствената и социјалната заштита, како и на нивното активно вклучување во процесот на застапување за унапредување на пристапот до здравствените услуги.  

 

Секој граѓанин има право на вработување и пристап до пазарот на трудот

МКЦ – Битола во рамките на иницијативата „Активни заедници за социјални промени” користејќи ја методологијата за социјална отчетност направи мониторинг и оценка од заедницата на планирањето и имплементацијата на три селектирани активни мерки за вработување (Самовработување, Македонија вработува – субвенционирано вработување и Услуги за вработување на АВРМ) за 2017 и 2018 година.

Согласно меѓународните и националните стандарди со кои се уредува полето на вработување, секој граѓанин има право на вработување и на пристап до пазарот на трудот. Правото на вработување на секој граѓанин го гарантира државата во која тој живее преку спроведување на активности и воведување на политики и мерки што ќе им овозможат на сите граѓани да имаат пристап до пазарот на трудот и да бидат вработени, особено на граѓаните од маргинализираните заедници.

Повеќе...

Едукативна работилница за спроведување на мерките и програмите за вработување на АВРМ во општина Тетово

Граѓаните од општина Тетово ги разгледаа можностите кои ги нудат програмата за самовработување, програмата за субвенционирано вработување и услугите кои ги нуди АВРМ.  

Преку овие едукативни работилници граѓаните на општина Тетово се информираа за нивните права кои произлегуваат од Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување на АВРМ.

Обуките се реализираат во соработка со подрачната единица на Агенцијата за вработување на РМ во Тетово и истите се дел од проектот „Социјална отчетност“ поддржан од Европската Унија  и преку неговата имплементација Здружението ЕСЕ и „Акција Здруженска“ спроведуваат низа на активности во насока на оценување на начинот на имплементација на политиките и мерките за вработување во РМ.

Повеќе...

Барање за понуди за опрема и техничка поддршка во спроведување на национална конференција

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА БАРАТЕЛОТ И ПРОЕКТОТ

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) од Скопје има потреба од опрема и техничка поддршка за спроведување на национална конференција во траење од 4 часа за потребите на проектот Социјална отчетност за родова еднаквост” на 14 декември 2018 година (Grant Contract Ref. No. EuropeAid/151569/ACT/MK).

Мисија на Здружението ЕСЕ и опис на дејноста:

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ го развива и го помага женското и граѓанското лидерство за развој и спроведување на човековите права и социјалната правда во нашето општество.

ЕСЕ се води од својата посветеност кон решенија на проблемите. По пат на промовирање и унапредување на човековите права ја подобруваме социјалната и економската правда, притоа сметајќи дека правата на човекот претставуваат неделив збир од стандарди што треба сите да ги уживаат. Посебно сме посветени на работата на полето на промовирање и унапредување на здравствените  права и правата на жените. Затоа сме фокусирани на две цели – да излеземе во пресрет на итните потреби на граѓаните, посебно на ранливите групи, и да влијаеме при креирањето на одржливи, долгорочни промени. Правиме многу повеќе од документирање, пријавување и осуда на нанесените неправди. Обезбедуваме правна и параправна помош и на тој начин им овозможуваме на граѓаните да ги остварат своите права и  да ги променат условите во кои живеат. Но, уште повеќе, се застапуваме за менување на законите и политиките што влијаат врз спроведувањето на здравствените права и правата на жените. Застапуваме на национално, но, и на меѓународно ниво. Подготвуваме и поднесуваме „извештаи во сенка“ и  други видови документи за спроведување на меѓународните документи за правата на човекот пред одговорните меѓународни тела.

Повеќе...

Барање за прибирање на понуди за одржување на национална конференција

 I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА БАРАТЕЛОТ И ПРОЕКТОТ

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) од Скопје има потреба од простор, храна и освежување за спроведување на национална конференција во траење од 4 часа за потребите на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” (Grant Contract Ref. No. EuropeAid/151569/ACT/MK).

Мисија на Здружението ЕСЕ и опис на дејноста:

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ го развива и го помага женското и граѓанското лидерство за развој и спроведување на човековите права и социјалната правда во нашето општество.

ЕСЕ се води од својата посветеност кон решенија на проблемите. По пат на промовирање и унапредување на човековите права ја подобруваме социјалната и економската правда, притоа сметајќи дека правата на човекот претставуваат неделив збир од стандарди што треба сите да ги уживаат. Посебно сме посветени на работата на полето на промовирање и унапредување на здравствените  права и правата на жените. Затоа сме фокусирани на две цели – да излеземе во пресрет на итните потреби на граѓаните, посебно на ранливите групи, и да влијаеме при креирањето на одржливи, долгорочни промени. Правиме многу повеќе од документирање, пријавување и осуда на нанесените неправди. Обезбедуваме правна и параправна помош и на тој начин им овозможуваме на граѓаните да ги остварат своите права и  да ги променат условите во кои живеат. Но, уште повеќе, се застапуваме за менување на законите и политиките што влијаат врз спроведувањето на здравствените права и правата на жените. Застапуваме на национално, но, и на меѓународно ниво. Подготвуваме и поднесуваме „извештаи во сенка“ и  други видови документи за спроведување на меѓународните документи за правата на човекот пред одговорните меѓународни тела.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар