Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Државата ги оштетува идните пензионери за да го спаси државниот фонд

Губиме по 20 евра годишно за пензија

За пет месеци минатата година, идните пензионери изгубија 1,5 милиони ев­ра од нивните сметки. Парите отидоа во државниот пензиски фонд, заш­то Министерството за труд и социјална политика го намали процентот кој од пензискиот придонес оди на личните сметки на осигурениците во вто­ри­от пензиски столб.

Во првиот квартал од годинава, пак, државниот ПИОМ по овој основ до­бил дополнителни 800.000 евра. Или пресметано поединечно, уплатите се­ко­ја месец на личните сметки на осигурениците во вториот столб се ску­се­ни за 4,8% или, во просек, по 90 денари.

Повеќе...

Краткорочни статистички податоци за стопанските движења во РМ

Во оваа публикација Државниот завод за статистика ги презентира поважните индекси за движењата во стопанството заклучно со април 2013 година, односно ги презентира: индексот на физичкиот обем на индустриското производство, вредноста на извршените градежни работи, обемот на надворешно трговската размена итн.

Види публикација

Извор: Државен завод за статистика

Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија за 2012 година

Државниот завод за статистика на Република Македонија, објави податоци за потрошувачката на домаќинствата во текот на 2012 година, што всушност покрај јавната потрошувачка има голема улога врз состојбата на Бруто домашниот производ.

Види публикација

Извор: Државен завод за статистика

Владата на РМ троши повеќе од 20 милиони евра на реклами се вели во извештајот на Европската комисија

Во извештајот се вели дека Владата на РМ е најголем корисник на услугите за рекламирање кај електронските медиуми со буџет над 20 милиони евра.

 Извор: Европска комисија

 Види го извештајот: Western Balkans and Turkey Media and Freedom of Expression Fact - finding and Scoping Study

Ново задолжување, Владата се сврте кон обврзници!

Денес Владата ќе се задолжи со 24,3 милиони евра на домашниот финансиски пазар. Станува збор за спроведување на пет одделни аукции на државни записи и обврзници, се вели од Министерството за финансии. Најголем износ, 11,3 милиони евра, Министерството за финансии планира да обезбеди преку емисија и продажба на 6 месечни хартии од вредност. Потоа преку две аукции на едногодишни записи и две аукции на обврзници со рок на отплата од пет години, преку кои треба да се соберат скоро 6 милиони евра.

Задолжувањето преку долгорочни хартии од вредност стана практика во изминатиот период.

И покрај тоа што Народната банка и Владата неколкукратно ги намалија каматите за државните и за благајничките записи, интерсот од страна на банките и приватниот сектор за чување на слободните пари во ваков вид на финансиски инструменти не се намали.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар