Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Ново задолжување, Владата се сврте кон обврзници!

Денес Владата ќе се задолжи со 24,3 милиони евра на домашниот финансиски пазар. Станува збор за спроведување на пет одделни аукции на државни записи и обврзници, се вели од Министерството за финансии. Најголем износ, 11,3 милиони евра, Министерството за финансии планира да обезбеди преку емисија и продажба на 6 месечни хартии од вредност. Потоа преку две аукции на едногодишни записи и две аукции на обврзници со рок на отплата од пет години, преку кои треба да се соберат скоро 6 милиони евра.

Задолжувањето преку долгорочни хартии од вредност стана практика во изминатиот период.

И покрај тоа што Народната банка и Владата неколкукратно ги намалија каматите за државните и за благајничките записи, интерсот од страна на банките и приватниот сектор за чување на слободните пари во ваков вид на финансиски инструменти не се намали.

Односно, речиси при секоја аукција, побарувачката за хартии од вредност е поголема отколку понудата, што според познавачите, и натаму упатува на тоа дека опасноста од кризата сеушуте е присутна поради што банките бараат начин да ги пласираат слободните пари за гарантирана камата, без ризик.

Според последните податоци на Министерството за финасии, заклучно со април, Владата по основ на хартии од вредност должи 927 милиони евра. Ова ниво постојано се зголемува на месечна основа. Само за четири месеци, или во однос на декември 2012 та година, средствата обезбедени од овој вид на извори се зголемени за 120 милиони евра.

Долгот на Владата само по основ на пласирани хартии од вредност на домашен пазар претставува 34% од јавниот долг на Централната Власт, кој пак изнесува 2,7 милијарди евра.

По основ на доспеани записи, утре Владата во приватниот сектор треба да врати 24,4 милиони евра, колку што практично треба да се задолжи денеска.

Линк до веста

Извор: Фактор МК

 

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар