Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Законот за абортус на дебата во собраниската комисија за здравство

Денес со почеток во 11:00 часот започна јавната расправа по спорниот предлог закон за абортус во Собраниската комисија за здравство. На оваа расправа учествуваат членови на комисијата, експерти од оваа област, лекари и претставници на граѓанскиот сектор од Р. Македонија. На расправата учествува и претставник на Здружението ЕСЕ. Од оваа расправа треба да произлезат заклучоци кои ќе бидат поднесени до предлагачот на пратениците.

А утре, за време на јавната расправа по овој предлог закон на собраниска седница, граѓанскиот сектор ќе излезе на протест против донесување на истиот.

Сивата економија си цути!

.

Засилените прописи на пазарот на трудот и зголемувањето на недоверба во европските влади како и даночната несигурност се причина многу Европејци да се насочат кон неформалниот сектор. Тоа го покажува истражувањето на Институт за економски прашања од професор Колин Вилијамс од Sheffield University.

Според истражувањето сивата економија достигнува до 20% од националниот доход во земјите како Шпанија, Италија и Грција и обезбедува вработување до 30 милиони луѓе во Европската Унија, соопшти CNBC.

За 2013 година сивата економија се очекува да се намали до 2.153 трилиони евра.

Повеќе...

Ново задолжување на Владата за 62 милиони евра

Преку три аукции на државни записи и една аукција на петгодишна обврзница, државата денеска собра 62 милиони евра. 

Ова ново задолжување се случува во пресрет на утрешното раздолжување, кога Владата по основ на доспеани записи во приватниот сектор треба да врати исто така 62 милиони евра.

Интересот на денешните аукции беше поголем од понудата, што укажува на тоа дека приватниот сектор, слободните пари и натаму ги врзува за државни хартии од вредност кои носат ниски камати – но без ризик.

Според априлските податоци, Владата по основ на хартии од вредност должи 927 милиони евра.

Извор: 24 Вести

Надворешно-трговската размена до април 3,4 милијарди долари

Надворешно-трговската размена во првите четири месеци од годинава изнесува 3.406.495.000 долари. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-април годинава изнесува 1.309.912.000 долари, а на увозот 2.096.583.000 долари.

Покриеноста на увозот со извоз изнесува 62,5 проценти. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април, изнесува 786.671.000 долари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар