Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Сивата економија си цути!

.

Засилените прописи на пазарот на трудот и зголемувањето на недоверба во европските влади како и даночната несигурност се причина многу Европејци да се насочат кон неформалниот сектор. Тоа го покажува истражувањето на Институт за економски прашања од професор Колин Вилијамс од Sheffield University.

Според истражувањето сивата економија достигнува до 20% од националниот доход во земјите како Шпанија, Италија и Грција и обезбедува вработување до 30 милиони луѓе во Европската Унија, соопшти CNBC.

За 2013 година сивата економија се очекува да се намали до 2.153 трилиони евра.

Непостојаната даночна политика на многу европски земји е во основата на сивата економија, која во одредени сектори достигна над 50% од работната сила. Секторите со најголем придонес во економијата се градежништво, туризам, транспорт, трговија и земјоделство.

Сивата економија се движи помеѓу 20-30% од БДП на земјите од Јужна Европа и е во просек 14% за оние од Скандинавија.

Во Македонија сивата или неформална економија, според последните процени на надлежните министерства, достигнува дури и до 30 отсто од бруто домашниот производ или над 2 милијарди евра. Министерствата за економија и за труд и социјална политика, при презентацијата на акцискиот план за борба против сивата економија, посочија дека огромен дел од сивата економија отпаѓа на секторите индустрија и туризам, со што станува јасно дека неа не ја чинат само уличните продавачи и шверцерите.

Извор: ФАКТОР

 

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар