Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Извршена измена и дополнување на Законот за здравствена заштита. Воведен нов приход во буџетот на Министерството за здравство

Со новите измени во законот за здравствена заштита од идниот месец 1 денар од продадено литро пиво и 40 денари од литро чист алкохол ќе се слеваат во касата во Министерството за здравство. Според пресметките, од продажбата на алкохол здравството годишно ќе добива до 5 милиони евра.

Повеќе...

Соопштение - Мрежа за Заштита од Дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагира на текстот на Законот за прекинување на бременостa, како и на начинот на кој овој закон е подготвен, предложен и усвоен. Изминатиот период следеа низа реакциии од домашни и странски организации за ограничување на репродуктивните права на жената, кои ниту придонесоа за негово повлекување, ниту ја забавија брзината на носење на Законот. За жал, Собранието на Република Македонија во скратена постапка го усвои Предлог законот.Усвоениот закон за прекинување на бременост воведува рестриктивни механизми кои во голема мера ќе влијаат врз слободното формирање на волја кај жената дали да ја прекине бременоста или не. Министерството за здравство преку одредбите за поднесување писмено барање за прекинување на бременоста, како и задолжителното советување на бремената жена од страна на лекарот, со пропишување на формата и содржината на барањето и содржината и начинот на советување, создава можност за манипулирање и ограничување на нејзиното право на избор за прекин на бременоста. Дополнително, постои можност притисокот врз жената да продолжи во рамки на предвиденото задолжителното време на чекање од три дена по извршеното советување, односно „време за размислување и преиспитување на донесената одлука за абортус.“

Повеќе...

Договорот за работа на определено време не ги штити жените доколку забременат

Законот за работни односи не го обврзува работодавецот да го продолжи договорот за работа на определено време на бремените жени, така што тие ја губат и работата и правото во наредните девет месеци, откако ќе се роди бебето, да добиваат надоместок од Фондот за здравствено осигурување.

Извор: Вест

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар