Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Има ли економска логика: Економијата во рецесија, невработеноста се намалува?

 

Економијата во рецесија, индустриско производство во континиран пад, а статистика мери раст на вработеноста. Овие трендови се спротивни на економската логика и затоа Владата треба да објасни како резултат на што се намали невработеноста – оценуваат економистите.

Aкадемик Таки Фити вели дека во земјава има нелогични процеси.

 “Во тој контекст во Македонија имаме атипични однесувања помеѓу она што го викаме производствен јаз и јаз на невработеност. Значи имаме состојба кога економијата е во рецесија, а расте стапката на вработеност, односно се намалува стапката на невработеност, што е обратно од економската теорија “ – оценува академик Фити.

Според последните мерења на Заводот за статистика, невработеноста во првиот кавртал изнесувала 29,9%, што се смета за едно од историски најниските нивоа досега.

Академик Фити ја повикува Владата да одговори дали намалената стапка е резултат на административни мерки, вработувања во приватниот или вработувања во државниот сектор.

“Важно е Владата да биде транспарентна, и не само Владата туку и другите инстиуции да обелоденат кои се ефектите од  законските измени поврзани со правата на корисниците на социјална помош. Дали намалувањето на невработенсота е резултат на бришење од списоците на невработени. Следно важно прашање е колкав е ефетот од отвроање на нови работни места,  не општо, колку работни места се отвориле, туку колку работни места се отвроиле во приватниот сектор. Знаеме дека во јавна администрација вработувањата се спроведуваат по неекономски критериуми да не речам, по политички и партиски критерумуи. Тоа прави проблем и тоа е таа состојба која покажува атипични движења“ – објаснува академик Фити.

И според универзитетскиот професор Предраг Трпески, сегашните бројки не ја отсликуваат реалната слика за невработеноста.

“Факт е дека порастот на БДП и намалувањето на невработеноста одат рака под рака. Значи ако имате зголемување на економската акитвност би било очекувано да се намали невработеноста. Во Република Македонија особено последниве години имаме атипичност односно слаба економска активност и намалување на невработеноста“ – оценува професорот Трпески.

Според економиситите, секја земја има природна стапка на невработенсот која ја одразува реалноста и секој обид за нејзино “вештачко“ намалуање може да има негативни ефекти врз економијата.

БЛИСКУ ДО ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА – КАКО ЌЕ СЕ СЕРВИСИРААТ ДОЛГОВИТЕ?

Јавниот долг на Централната Влада, кој заклучно со мај изнесува 34,2% од БДП, следната година ќе се дојде до границата од 35% од БДП, што може да се смета за критична граница –оценуваат економистите.

Едно е прашањето за висината на долгот, но клучно е како тој ќе се сервисира, вели универзитетскиот професор Предраг Трпески.

“За мене не толку важно дали Јавниот долг е 32% или 34% од БДП, еве има и некои калкулации кои укажуваат на тоа дека до 2014 та година ќе достигне и 35%. Важно според мене е дали тој долг ние сме во состојба да го сервисираме. Да, има економисти што ќе речат еве и Америка има драматично голем долг а ние имаме простор уште да се задолжуваме. “ – вели професорот и додава :

“Но јас долгот на државата го споредувам со долгот на едно семејство. Ако вие имате едно семејство што има 10 000 денари примања а долгот му изнесува 30%, тогаш тоа семејство треба да врати 3 000 денари и да живее со 7 000 денари. Но ако друго семејство има 100 000 денари приходи и е задолжено исто така 30% од примањата, тогаш треба да врати 30 000 денари, но сепак за живот му остануваат 70 000 денари, доволни за кавалитетен живот. Тоа е таа компарација на задолженост на земја со низок доход и земја со висок доход. И странските анализи укажуваат дека за една земја со низок доход, Јавниот Долг не смее да биде поголем од 35% зошто оној дел што останува да се троши е многу помал и во тој случај таа земја многу посиромашно ќе живее отколку онаа земја што има поголема задолженост но и поголем доход.“ – објаснува Трпески.

Дел од меѓународните финасиски институции испратија порака да се внимава  и дека Македонија треба да забави со сегашното темпо на задолжувања.

Во еден од документите на Министерството за финасии, насловен “Основни макроекономски индикатори и проекции“ се посочува дека за годинава Јавниот Долг на Централната Владата треба да изнесува 32,8%.

Во истиот тој документ пишува дека Владата за периодот од 2010 та година до 2012 та година таргетира Долг на Централна Влада да не е повисок од 30% од БДП. Ова проектирано ниво е пробиено веќе во 2012 та година, кога долгот достигнува 33,8% од БДП.

Според последните податоци на Народната Банка, во првиот квартал од годинава Бруто Надворешниот Долг достигна 5,5 милијади евра или 73,5% од БДП и во однос на салдото на крајот од 2012 та година, надворешната задолженост е зголемена за 333 милиони евра.

Најголем дел од долговите кон странство се на државниот сектор во вредност од 1 милијарда и 688 милиони евра.

Извор: Фактор МК и 24 вести

Види го целото интервју на: http://24vesti.mk/namaluvanjeto-na-nevrabotenosta-vo-vreme-na-recesija-e-atipichna-sostojba

 

 

 

 

The Vienna+20 CSO Declaration: Reclaiming the Primacy of Human Rights

20 years ago the global community unanimously reaffirmed its commitment to human rights through the adoption of the Vienna Declaration and Programme of Action. Building on the Universal Declaration of Human Rights, the VDPA recognised that the promotion and protection of human rights must be a matter of the highest priority both for States and the international community.

The Vienna+20 CSO Conference on June 26 has adopted a joint Declaration calling for a World Conference on Human Rights in 2018. 25 years after the Second World Conference on Human Rights in 1993 the time will have come for a Third World Conference on Human Rights with full participation of the civil society addressing issues of worldwide concern, including those raised in the Vienna+20 CSO Declaration.

More than 140 persons from various CSOs around the world gathered at Vienna on the occasion of the 20th anniversary of the 1993 World Conference on Human Rights and its Vienna Declaration and Programme of Action issued on June 25, 1993.

The Conference discussed and adopted a forward looking declaration based on months of extensive prior consultation in various preparatory groups on the different parts. The Declaration was adopted with broad support.

Повеќе...

Конечен извештај од овластен Државен ревизор за Влада на РМ подготвен според програмата за работа на заводот за 2012 година

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на функционирањето на интерните контроли во Владата на РМ и до истата достави нацрт ревизорски извештај со наоди и препораки од овластениот државен ревизор, кои владата ги оспори, со исклучок на една која делумно ја прифати. 

Извор: Државен завод за ревизија

Прочитај повеќе...

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2013 година, во однос на април 2012 година, изнесува 101.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (5.4%), Рударство и вадење на камен (5.4%) и Преработувачка индустрија (4.8%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (30.9%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (4.2%) и Дејности во врска со недвижен имот (3.0%).

росечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2013, изнесува 20 983 денари.

Во април 2013 година, 1.7% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

 Извор: Државен завод за статистика

Прочитај повеќе...

Индекси на цените на мало и на трошоците на животот

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во јуни 2013 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.4, а индексот на трошоците на животот 100.3. Порастот на трошоците на животот од 0.4% во јуни 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на овошјето за 13.5%, преработките од млеко за 0.5%, месото и рибата за 0.3% свежото и киселото млеко и алкохолните пијалаци за 0.2%.

Во јуни, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките аранжмани за 9.0%, авионскиот превоз на патници за 1.7%, комуникациските услуги за 1.6%, нафтените деривати за 1.2%, течните горива и гасот за домаќинствата за 1.0%, обувките за 0.4% и храната и пијалаците во рестораните и хотелите за 0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во јуни 2013 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај јајцата за 2.5%, зеленчукот и мастите за 0.8%, другите прехранбени производи за 0.6% и преработките од месо за 0.4%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај услугите за сместување за 9.8% и средствата за хигиена за 0.5%.

Индексот на цените на мало во јуни 2013 година, во споредба со јуни 2012 година, бележи пораст од 2.3%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 4.2%.

Извор: Државен завод за статистика

Прочитај повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар