Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Државата ги оштетува идните пензионери за да го спаси државниот фонд

Губиме по 20 евра годишно за пензија

За пет месеци минатата година, идните пензионери изгубија 1,5 милиони ев­ра од нивните сметки. Парите отидоа во државниот пензиски фонд, заш­то Министерството за труд и социјална политика го намали процентот кој од пензискиот придонес оди на личните сметки на осигурениците во вто­ри­от пензиски столб.

Во првиот квартал од годинава, пак, државниот ПИОМ по овој основ до­бил дополнителни 800.000 евра. Или пресметано поединечно, уплатите се­ко­ја месец на личните сметки на осигурениците во вториот столб се ску­се­ни за 4,8% или, во просек, по 90 денари.

"На­ма­лу­ва­ње­то на стапката на придонес која се одвојува за членовите на за­дол­жи­тел­ни­те пензиски фондови, има дирекно влијание врз износот на сред­ства на индивидуалните сметки на членовите, и оттука директно вли­ја­ние врз износот на нивната пензија", вели Јанко Тренкоски, директор на КБ Прво пензиско друштво. "Вториот пензиски столб не се базира на ме­ѓу­ге­не­ра­ци­ска солидарност (како што е првиот столб), односно, во рамките на вториот столб, секое лице што е член на некој од задолжителните пен­зи­ски фондови, делот од придонесот кој го уплатува од својата плата, го уп­ла­ќа директно за своја пензија, односно средствата се евидентираат на лич­на сметка. Оттука секое намалување на уплатата, значи намалување и на идната пензија", смета Тренкоски.
Со промена на законската регулатива, наместо 6,3% за вториот за­дол­жи­те­лен фонд се одвојува 6%. Новата распределба на парите стартуваше од ав­густ минатата година, со образложение дека кога во иднина ќе се на­ма­лу­ва процентот на пензиските давачки, од 18% колку што е сега на 15%, де­лот кој ќе оди во приватните фондови засекогаш ќе остане фиксиран на 6%.

Но државата не ги намали социјалните давачки, како што најави пред не­кол­ку години, а парите не им ги врати на осигурениците. Тие сега одат за ис­пла­та на сегашните пензионери.

Трен­ко­ски вели дека можеби намалувањето ќе предизвика поголем еко­ном­ски раст и со тоа и поголеми плати во иднина. Така, оваа мерка мо­же­би ќе ги зголеми идните пензии, наместо тоа што го кажува краткорочниот не­га­ти­вен ефект.

Извор: Вест

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар