Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Мониторинг и анализа на буџети

Концептот на мониторинг и анализа на буџети денес претставува еден од водечките методи во светот што го користат граѓанските организации, особено граѓанските организации во земјите во развој. Под мониторинг на буџети се подразбира следење на финансиското работење на одделни државни институции, додека, пак, под анализа на буџети се подразбира користење на различни методи и техники за пресметување и оценка на ефикасноста, ефективноста и успешноста во спроведување на буџетските постапки и политики, односно при планирањето, обезбедувањето и трошењето на јавните пари.

Овој концепт на граѓанските организации им овозможува да го следат спроведувањето на јавните политики (буџетот и другите стратешки документи), односно преку мониторинг и анализа на буџетите да обезбедат податоци (докази) што ќе се користат за нивно менување или пак за соодветна алокација на потребните ресурси.  Поконктретно, со мониторингот и со анализата на буџетите може да се утврдат последиците и/или целите што Владата сака да ги постигне со зголемување на јавните расходи; да се утврди планот на Владата за прибирање на средства во буџетот; да се добие претстава за конструкција на јавните буџети; да се утврди буџетскиот тренд или пак политиката на Владата во однос на ова прашање за одреден период; да се утврди како средствата од буџетот овозможуваат задоволување на потребите на одделни групи граѓани (жени, деца, лица со пречки во развојот итн.) и многу други состојби. За да се оствари сето ова, потребно е граѓанските организации да располагаат со релевантни и најнови информации.

Здружението ЕСЕ овој концепт го користи уште од 2008 година. Денес овој концепт преставува значајна компонента на нашето работење со цел:

  • унапредување на пристапот на припадниците на маргинализираните групи на граѓани (жени, жени жртви на семејно насилство, жени Ромки, Роми, жени од рурални средини, жени со неповолен општествено-економски статус итн.) до здравствените услуги и остварување на нивните права од областа на  здравствената и социјалната заштита;
  • застапување за креирање на државните буџети во насока на задоволување на потребите на маргинализираните групи на граѓани, ефикасно користење на расположливите средства и доследно спроведување на предвидените мерки и активности;
  • подобрување на транспарентноста и отчетноста на јавните институции;
  • поголема вклученост на граѓаните во буџетскиот процес и процесот на донесување на одлуки од значење за граѓаните и
  • јакнење на капацитетите на граѓанските организации за примена на овој концепт.

 

Сакате да дознаете повеќе...

Законска
регулатива

Централен буџет и буџет на
Министерство за здравство

Програми за превентивна
здравствена заштита

Слободен пристап до
информации од јавен
карактер

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар