Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Законска регулатива

Постапката за изготвување на буџетот на Република Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа и на градот Скопје, нивното донесување, извршување и известување, е уредена со Законот за буџетите, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и со Законот за градот Скопје.

Централен буџет е годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства, а се однесува на буџетските корисници на централната власт и ги вклучува: основниот буџет, буџетот на донации, буџетот на заеми и буџетот на самофинансирачки активности.

Буџет на општините е годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства и ги вклучува: основниот буџет, буџетот на дотации, буџетот на донации, буџетот на заеми и буџетот на самофинансирачки активности.

Постапката за изготвување на буџетот на Република Македонија и буџетите на општините, нивното донесување, извршување и известување, се заснова на следните буџетски начела:

  • сеопфатност, што го подразбира прикажувањето на сите приходи и други приливи, расходи и други одливи;
  • буџетска рамнотежа, што ги подразбира вкупните приходи и приливи што треба да ги покриваат одобрените средства со буџетот;
  • специфичност, што подразбира дека одобрените средства се наменуваат за посебни цели по раздели, програми, потпрограми и ставки;
  • економичност, што подразбира дека одобрените средства ќе се користат навремено, во соодветен износ, имајќи ги предвид квалитетот и цената;
  • ефикасност, шо го подразбира најдобар сооднос меѓу употребените средства и постигнатите резултати; ефективност, што го подразбира остварувањето на поставените цели и остварувањето на саканите резултати;
  • транспарентност,што подразбира достапност на јавноста во сите фази на подготвување и извршување на буџетот и
  • сигурно финансиско управување, што го подразбира извршувањето на буџетот во согласност со ефективната и ефикасната внатрешна контрола како процес што се применува на сите нивоа на управување со финасиските средства.

 

Закон за буџетите

Со Законот за буџетите се уредува постапката за изготвување, донесување и извршување на буџетот на Република Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа и на градот Скопје и известување за нивно извршување.

Закон за буџетите, Службен весник на РМ бр. 64/2005

Закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите, Службен весник на РМ бр. 4/2008

Закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите, Службен весник на РМ бр. 103/2008

Закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите, Службен весник на РМ бр. 156/2009

Закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите, Службен весник на РМ бр. 95/2010

Закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите, Службен весник на РМ бр. 180/2011

Закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите, Службен весник на РМ бр. 171/2012

Закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите, Службен весник на РМ бр. 192/2015

 

Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа

Со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа се уредува финансирањето на единиците на локалната самоуправа. Финансирањето на градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, се уредува со Законот за градот Скопје.

Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Службен весник на РМ бр. 61/2004

Закон за изменување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Службен весник на РМ бр. 96/2004

Закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Службен весник на РМ бр. 67/2007

Закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Службен весник на РМ бр. 156/2009

Закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Службен весник на РМ бр. 47/2011

Закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Службен весник на РМ бр. 192/2015

 

Закон за градот Скопје

Закон за градот Скопје, Службен весник на РМ бр. 55/2004

Закон за изменување и дополнување на Законот за градот Скопје, Службен весник на РМ бр. 158/2011

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар