Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Програми за превентивна здравствена заштита

Министерството за здравство подготвува и спроведува владини програми кои се однесуваат на специфични превентивни мерки, како и на мерки за лекување на одредени заболувања. Во овие програми се предвидени низа здравствени услуги од областа на превентивната и куративната здравствена заштита и се бесплатни за населението.

Во текот на 2013 година се усвоени вкупно 19 програми што се однесуваат на превентивни и куративни мерки и активности. Значењето на овие програми се состои во тоа што во нив се предвидени конкретни мерки и активности за превенција и унапредување на здравјето на населението, како и мерки за лекување на одредени заболувања и состојби од јавниот здравствен интерес. Воедно, во овие програми се предвидени мерки и активности со кои се опфатени ранливите групи од населението, како што се Ромите, лицата коишто живеат со ХИВ/СИДА, корисниците на дроги, лицата со ментални заболувања и слично. Особено е важно што преку овие програми се обезбедуваат финансиски средства за спроведување на конкретни мерки, активности и специфични здравствени услуги кои се бесплатни за крајните корисници, односно за населението.


Програмите можете да ги преземете од следната веб-страница: www.healthrights.mk

 

Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата

Во оваа програма се предвидени низа превентивни мерки и активности кои се насочени кон унапредување на здравјето на жените за време на бременоста и во периодот по породувањето, како и мерки и активности за унапредување на здравјето на новороденчињата, доенчињата и малите деца. Од особена важност е што во оваа програма се предвидуваат конкретни мерки и активности за зголемен опфат на Ромите со превентивните здравствени услуги. Сите услуги предвидени во програмата се бесплатни за корисниците.

2012 година

Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата во Република Македонија за 2012 година, Службен весник на РМ бр.8/2012  

Програма за изменување на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во Република Македонија за 2012 година, Службен весник на РМ бр.45/2012 

2013 година

Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата во Република Македонија за 2013 година, Службен весник на РМ бр. 4/2013  

Програма за изменување и дополнување на програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во РМ за 2013 година

2014 година

Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата во Република Македонија за 2014 година, Службен весник на РМ бр. 15/2014

Програма за изменување на програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во РМ за 2014 година, Службен Весник бр. 161/2014.pdf

2015 година

Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата во РМ за 2015 година, Службен весник бр. 194/2014.pdf

2016 година

Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата во РМ за 2016 година, Службен весник бр. 2/2016.pdf

 

Програма за рана детекција на малигни заболувања

Во оваа програма се предвидени низа превентивни здравствени услуги кои овозможуваат рано откривање на малигните заболувања. При тоа со програмата се опфатени двете најчести малигни заболувања кај женската популација и тоа карциномот на дојката и карциномот на грлото на матката. Воедно е опфатено и едно од почестите малигни заболувања кај мажите, а тоа е колоректалниот карцином. Во оваа програма, исто така, се предвидени мерки за организиран скрининг, што е од големо значење за навремено откривање и лекување на овие заболувања, со кои ќе се унапреди здравјето и квалитетот на животот кај жените и мажите. Со оваа програма се опфаќаат најризичните групи од населението и сите предвидени здравствени услуги се бесплатни за корисниците.

2012 година

Програма за рана детекција на малигни заболувања во Република Македонија за 2012 година, Службен весник на РМ бр. 9/2012 

Програма за изменување на Програмата за рана детекција на малигни заболувања во Република Македонија за 2012 година, Службен весник на РМ бр.  45/2012

Програма за изменување на Програмата за рана детекција на малигни заболувања во Република Македонија за 2012 година, Службен весник на РМ бр.  162/2012

2013 година

Програма за рана детекција на малигни заболувања во Република Македонија за 2013 година, Службен весник на РМ бр. 4/2013 

Програма за изменување на Програмата за рана детекција на малигни заболувања во Република Македонија за 2013 година, Службен весник на РМ бр.  100/2013

2014 година

Програма за рана детекција на малигни заболувања во Република Македонија за 2014 година, Службен весник на РМ бр. 17/2014

Програма за изменување на програмата за рана детекција на малигни заболувања во РМ за 2014 година, Службен Весник бр. 166/2014.pdf

2015 година

Програма за рана детекција на малигни заболувања во РМ за 2015 година, Службен весник бр. 196/2014.pdf

 

2016 година

 

Програма за рана детекција на малигни заболувања во РМ за 2016 година, Службен весник бр. 2/2016.pdf

 

 

Програма за систематски прегледи на ученици и студенти

Во оваа програма се предвидени низа на мерки за организиран скрининг на здравствената состојба на децата на училишна возраст и студентите кои треба да бидат спроведени од службите за превентивна здравствена заштита од јавните здравствени установи. Покрај мерките за организиран скрининг, со Програмата е предвидена и едукација на учениците и студентите, родителите и наставничкиот кадар. Програмата за систематски прегледи на ученици и студенти игра важна улога заради тоа што меѓу другите активности предвидува мерки за опфаќање на децата на училишна возраст кои се надвор од образовниот систем со услуги за превентивна здравствена заштита.

2014 година

Програма за систематски прегледи на учениците и студентите во Република Македонија за 2014 година, Службен весник на РМ бр. 19/2014

2015 година

Програма за систематски прегледи на учениците и студентите во РМ за 2015 година, Службен весник бр. 196/2014.pdf

 

2016 година

 

Програма за систематски прегледи на учениците и студентите во РМ за 2016 година, Службен весник бр. 2/2016.pdf

 

 

Програма за лекување на ретки болести

2012 година

Програма за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2012 година, Службен весник бр.99/2012.pdf

2013 година

Програма за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2013 година, Службен весник бр. 4/2013.pdf

2014 година

Програма за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2014 година, Службен весник бр. 19-2014.pdf

2015 година

Програма за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2015 година, Службен весник бр. 196/2014.pdf

 

2016 година

 

Програма за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2016 година, Службен весник бр. 2/2016.pdf

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар