Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Стратегија и акциски план за соработка на Владата на РМ со граѓанскиот сектор за 2012 – 2017 година

Владата на РМ во 2012 година донесе Стратегија за соработка  со граѓанскиот сектор за периодот од 2012 до 2017 година. Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата е одговорно за координирање и спроведување на оваа стратегија. Оваа стратегија е продолжување на стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор на Владата на РМ за периодот од 2007 до 2011 година.

Стратегија за соработка  со граѓанскиот сектор за периодот од 2012 до 2017 година

 

Министерството за информатичко општество и администрација во февруари 2014 година публикуваше “Прирачник за засегнатите страни – Консултации во процесот на креирање на политики во Владата на РМ”

Прирачникот има за цел да ги објасни процесот и механизмите за вклучување на засегнатите страни во процесот на креирање на политики во Владата на Република Македонија и на тој начин да придонесе за конструктивно, ефективно и навремено вклучување на засегнатите страни во процесот на подготовка на предлози на закони и други прописи кои се во надлежност на министерствата. Прирачникот е наменет за невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондациите, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи, или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството. Прирачникот содржи опис на фазите во процесот на подготвување на предлозите на закони и другите прописи во Владата односно министерствата и начинот на вклучување на засегнатите страни во секоја од тие фази. Прирачникот претставува ревидирано и дополнето издание на прирачникот за засегнатите страни „Со добри консултации до добра регулатива“ издаден од Владата на Република Македонија во 2011 година.

Прирачник за засегнатите страни – Консултации во процесот на креирање на политики во Владата на РМ

 

Ревизија на ДЗИС - немале служба за финансиско работење, а платите не се исплаќале врз основа на реално одработени часови

Отсуството на служба за финансиско работење, нецелосна документација за потрошено гориво и извршени угостителски услуги во делот на ставката за репрезентација, платите на вработените не се исплаќале врз основа на реално одработени часови, ова се дел од забелешките што Државниот ревизор ги нотираше во најновиот извештај за 2012 година за Државниот завод за индустриска сопственост-пишува Фактор.

Во извештајот е нотирано дека кон налозите за службено патување во странство не се приложени авиобилети како доказ за користениот превоз и термините на заминување и пристигнување. Во врска со оваа забелешка, во одговорот на ДЗИС стои дека, директорoт донесол решение за задолжување на одговорниот благајник од СОЗР, да не врши раздолжувања со вработените со сметки, доколку не е доставен билетот за користено превозно средство.

Повеќе...

Најнови макроекономски показатели, февруари 2014 година

Народната банка на РМ ги објави најновите показатели за:

Трошоци на живот - инфлација и нејзините компоненти

Инфлација, продуктивност и плати

Номинална и реална нето-плата по економски дејности

Индустриско производство и останати економски дејности

Селектирани индустриски дејности

Индикативни категории за личната потрошувачка

Индикативни категории за инвестициите

Буџет на Република Македонија (Централен буџет и буџети на фондови)

Надворешнотрговска размена според СМТК

Биланс на плаќања

Менувачки пазар

НЕДК и РЕДК

Девизни курсеви

Текови на креирање и повлекување на примарни пари

Биланс на НБРМ (скратена форма)

Монетарни агрегати

Вкупни депозити кај банки и штедилници

Вкупни депозити кај банки и штедилници, годишни промени, во %

Вкупни кредити дадени од банки и штедилници

Вкупни кредити дадени од банки и штедилници, годишни промени, во %

Нето девизна актива на банките

Каматни стапки

Каматни стапки на меѓубанкарски пазар на депозити

Каматни стапки на вкупни кредити и депозити, во %

Каматни стапки на нови кредити и депозити, во %

Каматни стапки по групи на банки (денарски)

Каматни стапки по групи на банки (девизни)

Каматни стапки по сектори

Каматни стапки на вкупни кредити и депозити, во %

Прочитај повеќе

Извор: НБРМ

 

Quality of life indicators - executive summary

Quality of life indicators is an online Eurostat publication presenting an overall assessment of the quality of life of European Union (EU) citizens, along 8+1 dimensions which can be measured statistically to represent the different complementary aspects of quality of life. Eight of these dimensions concern the functional capabilities citizens should have available to effectively pursue their self-defined well-being, according to their own values and priorities. The last dimension refers to the personal achievement of life satisfaction and well-being.

For each quality of life dimension a set of selected relevant statistical indicators is presented and analysed. Trends over time and differences between countries or demographic groups are discussed. In each case the emphasis has been on highlighting interesting findings, rather than providing a complete and exhaustive presentation of all available statistical data.

Read more

Извор: Euro stat

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар