Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Министерството за информатичко општество и администрација во февруари 2014 година публикуваше “Прирачник за засегнатите страни – Консултации во процесот на креирање на политики во Владата на РМ”

Прирачникот има за цел да ги објасни процесот и механизмите за вклучување на засегнатите страни во процесот на креирање на политики во Владата на Република Македонија и на тој начин да придонесе за конструктивно, ефективно и навремено вклучување на засегнатите страни во процесот на подготовка на предлози на закони и други прописи кои се во надлежност на министерствата. Прирачникот е наменет за невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондациите, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи, или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството. Прирачникот содржи опис на фазите во процесот на подготвување на предлозите на закони и другите прописи во Владата односно министерствата и начинот на вклучување на засегнатите страни во секоја од тие фази. Прирачникот претставува ревидирано и дополнето издание на прирачникот за засегнатите страни „Со добри консултации до добра регулатива“ издаден од Владата на Република Македонија во 2011 година.

Прирачник за засегнатите страни – Консултации во процесот на креирање на политики во Владата на РМ

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар