Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Ревизија на ДЗИС - немале служба за финансиско работење, а платите не се исплаќале врз основа на реално одработени часови

Отсуството на служба за финансиско работење, нецелосна документација за потрошено гориво и извршени угостителски услуги во делот на ставката за репрезентација, платите на вработените не се исплаќале врз основа на реално одработени часови, ова се дел од забелешките што Државниот ревизор ги нотираше во најновиот извештај за 2012 година за Државниот завод за индустриска сопственост-пишува Фактор.

Во извештајот е нотирано дека кон налозите за службено патување во странство не се приложени авиобилети како доказ за користениот превоз и термините на заминување и пристигнување. Во врска со оваа забелешка, во одговорот на ДЗИС стои дека, директорoт донесол решение за задолжување на одговорниот благајник од СОЗР, да не врши раздолжувања со вработените со сметки, доколку не е доставен билетот за користено превозно средство.

Во делот на финансиските извештаи, ревизорот забележува, дека ревизијата не можела да се увери во реалноста и објективноста на искажаните расходи, во вкупен износ од 1.160.000 денари, поради непостоење на соодветна поткрепувачка документацијa. Во извештајот стои дека расходите за потрошено гориво се во вкупен износ од 255.000 денари и се за исплатени средства по сметки за гориво за што на увид на ревизијата биле дадени налози за користење на патнички автомобил за деловни потреби со внесени податоци за месечна километража за доаѓање и враќање од местото на живеење до работа и назад, за две службени возила, наместо налозите да се изготвуваат при секое користење на возилата, со редовно внесување на податоци за корисникот, релација и опис на работата,поминати километри.

Извор: локално.мк

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар