Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Тевдовски: Во 2018 јавниот долг ставен под контрола, јавните финансии реформирани

Јавниот долг е ставен под контрола, а годинава е направен сет од десет клучни реформи за подобар систем на јавни финансии.

-Годинава имаме сет од десет клучни реформи во јавните финансии. Јавниот долг е ставен под контрола и се спроведува постепена фискална консолидација. Во 2016 година јавниот долг изнесуваше 48,8%, денес тој изнесува 48,2%. Зголемена е довербата на инвеститорите, што влијаеше на намалување на каматната стапка и зголемување на рочноста на инструментите. Годинава издадовме 30 годишна обврзница, како и најуспешната еврообврзница досега со историски најниска каматна стапка од 2,75%. Фискалната консолидација се спроведува постепено во насока на одржливост на јавниот долг. И следната година проектиравме понизок дефицит во однос на годинава, како процент од БДП, но и во апсолутен износ понизок-рече Тевдовски.

Повеќе...

Собранието го усвои Буџетот за 2019

Пратениците го изгласаа Буџетот за 2019 година. Вкупните приходи на буџетот за 2019 година се планирани на ниво од 210,8 милијарди денари, а расходите се планирани на 228,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е 17,7 милијарди денари, односно 2,5% од БДП, што е намалување во однос на годинава за половина милијарда денари, или за 0,2 процентни поени како процент од БДП.

Повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард на населението, владеење на правото, повисоко ниво на социјална правда и зачленување во ЕУ и НАТО.  Ова се клучните цели и приоритети на Владата, што е рефлектирано и во Предлог-буџетот за 2019 година, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на на Пленарната седница во Собранието за Предлог-буџетот.

Повеќе...

10 крупни реформи ги подобрија јавните финансии во 2018

Преку реформи на даночниот, пензискиот, социјалниот систем, системот на јавни набавки, фискалната транспарентност, спречување на перење пари, како и менаџирањето на јавниот долг, во 2018 година има значително подобрување во јавните финансии во земјава. Станува збор за сет од 10 крупни реформи направени годинава. Тие ќе придонесат за постепено намалување на буџетскиот дефицит, контрола над јавниот долг, намалување на дефицитот во ПИОМ, сервисирање на наследените обврски и спречување на создавање нови, подобро насочување на социјалните трансфери до оние на кои им се потребни и поголема фискална транспарентност.

Повеќе...

Законот за антидискриминација се соочува со опструкции во Собранието

Соопштение до медиуми (20.12.2018)

Законот за антидискриминација се соочува со опструкции во Собранието

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагира на континуираното одложување на усвојувањето на поднесениот предлог Закон за спречување и заштита од дискриминација. Предлог законот беше доставен до Собранието на Република Македонија уште во мај оваа година од страна на Министерството за труд и социјална политика, а од тогаш се изминати шест месеци.  Спротивно на сите меѓународни препораки и ветувања од страна на Владата и парламентарното мнозинство дека законот ќе биде донесен до крајот на 2018 година, надлежната Комисија за труд и социјална политика при Собранието на Република Македонија до сега воопшто не го разгледала.

Повеќе...

Take a stand for the right to health

Health is a fundamental human right – yet at least half of the world’s population still cannot get the health services they need.
As the world marks the 70th Anniversary of the Human Rights Declaration and Universal Health Coverage Day, let’s consider what it will take to deliver the right to health.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар