Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Квартален извештај на НБРМ, февруари 2015 година

Во кварталниот извештај НБРМ дава осврт на меѓународното економско окружување, домашната понуда, агрегатната побарувачка, вработеноста и платите, инфлацијата, билансот на плаќања, монетарната политика и јавните финансии.

Прочитајте го деталниот извештај

Извор: НБРМ

Работилница за подигнување на нивото на финансиска писменост на населението, НБРМ

На 27 и 28 февруари 2015 година, Народната банка на Република Македонија и останатите регулатори на финансискиот систем, во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (European Fund for Southeast Europe - EFSE), ќе организираат работилница за новинарите од економските редакции на печатените, телевизиските и електронските медиуми. 

Целта на работилницата е да се подигне нивото на финансиска писменост кај населението на Република Македонија, покрај другите активности, и преку соработката со новинарите. За време на работилницата ќе им се даде можност на новинарите да разменат мислења со професори по економија и со стручни лица од Народната банка и останатите регулатори на финансискиот сектор за одредени показатели и појави во економијата и финансиите. На работилницата ќе се дискутира за: монетарната политика во Македонија, макроекономските анализи и процесот на проектирање во Народната банка, статистичките истражувања и податоците, екстерните статистики, улогата на пазарно ориентираните монетарни инструменти во одржувањето на ценовната стабилност како крајна цел на монетарната политика, финансиската стабилност, како и за улогата и функциите на останатите финансиски институции и нивните регулатори, транспарентноста на домашните институции и компании како основа за добро информирање и регионална споредба, и теми од областа на финансискиот систем и кризите. Очекуваме сите поканети медиуми да покажат заинтересираност и да земат учество на ова работилница, којашто ќе биде полезна како за самите новинари, така и за економските редакции, а со тоа и за целата јавност која ги следи информациите за економските движења и состојби коишто ги пренесуваат медиумите. 

Извор: НБРМ

Најнови макроекономски показатели, Преглед на тековната состојба – влијанија врз монетарната политика

Прегледот на тековната состојба има за цел да даде осврт на најновите макроекономски податоци (ноември - јануари 2015 година) и споредба со последните макроекономски проекции (октомври 2014 година). Со тоа ќе се утврди колку тековната состојба во економијата соодветствува со очекуваните движења на варијаблите во претходниот циклус на проекции. Прегледот е фокусиран на промените на екстерните претпоставки и остварувањата кај домашните варијабли и на тоа како овие промени се одразуваат врз амбиентот за водење на монетарната политика.

Прочитај повеќе

 Извор: НБРМ

 

Минималната плата во Македонија 12 пати помала од земјите во ЕУ

Македонската минимална плата од јануари годинава изнесува 9. 590 денари или 155 евра, што е за 12 пати помала од највисоката минимална плата во ЕУ, односно во Луксембург, каде изнесува 1.923 евра.

Најниската минимална плата во земјите од Европската Унија има во Бугарија и изнесува 184 евра, објавува ,,Евростат”.

Тоа значи дека минималната плата годинава во Македонија е за 29 евра пониска од минималната во Бугарија.

Според податоците на Европската статистичка агенција, најголем порат на платите има во Романија каде од 2008 година до сега, минималниот износ пораснал за 95 отсто. Во Бугарија пак, имало зголемување од 64 отсто, а во Словачка платите пораснале за 58 отсто.

Пад на минималната плата, е забележан само во Грција со 14 отсто.

Повеќе

Извор: ФАКТОР МК

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар