Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Индекс за буџетска транспарентност

Иницијативата за  буџетска транспарентност (Open Budget Initiative) е програма за истражување и застапување која има за цел да го промовира пристапот на јавноста до буџетските информации и воспоставување на одговорни буџетски системи на меѓународно ниво.

Во рамки на оваа инцијатива се спроведува сеопфатна анализа во однос на пристапот на јавноста до буџетските информации, како и  можностите за нејзино учество во буџетскиот процес на национално ниво. Повеќето од прашањата преку кои се оценуваат состојбите на национално ниво се однесуваат на утврдување на фактичката заложба, отколку на декларативните заложби пропишани со законските прописи. Со анализата се врши проценка на содржината и навремено објавување на осумте клучни буџетски документи кои секоја земја треба да ги објави во различни фази на буџетскиот процес во согласност со општоприфатените практики за јавно финансиско работење, односно практиките што се развиени и се прифатени од меѓународни организации, како што се: Меѓународниот монетарен фонд  (IMF, Code of Good Practices on Fiscal Transparency), Организацијата за економска соработка и развој (OECD, Best Practices for Fiscal Transparency) и Меѓународната организација на врховни ревизорски институции (INTOSAI, Lima Declaration of Guidelines on Auditing Precepts).

Оваа анализа се спроведува во 100 земји во светот од страна на партнерски граѓански организации на оваа инцијатива. Како резултат на анализата, започнувајќи од 2006 година, на секои две години се објавуваат извештаи за буџетска транспарентност. Досега се објавени четири вакви извештаи.

Заради утврдување на степенот на почитување на буџетската транспарентност и споредување на овие резултати меѓу различни земји, Иницијативата за  буџетска транспарентност утврдува Индекс преку кој се отсликува состојбата во однос на буџетската транспарентност во одредена земја. 

Република Македонија беше предмет на оваа анализа во 2008, 2010 и 2012 година. Индексот на буџетската транспарентност за Македонија во 2008 изнесуваше 54% , односно РМ беше рангирана на 28-то место на листата на земји кои се оценети со ова истражување. Во 2010 година Индексот за РМ изнесуваше 49%, односно РМ беше рангирана на 45-то место и во 2012 година Индексот изнесуваше 35% и РМ се најде на 68-то место.  

 

Извештаи и клучни наоди за буџетска транспарентност (по години)  

 

2006 година

Извештај за буџетска транспарентност за 2006

Клучни наоди од извештајот за буџетска транспарентност за 2006

 

2008 година

Извештај за буџетска транспарентност за 2008

Клучни наоди од извештајот за буџетска транспарентност за 2008

Индекс за буџетска транспарентност за Македонија за 2008

Прашалник за утврдување на индексот за Македонија за 2008

 

2010 година

Извештај за буџетска транспарентност за 2010

Клучни наоди од извештајот за буџетска транспарентност за 2010

Индекс за буџетска транспарентност за Македонија за 2010

Прашалник за утврдување на индексот за Македонија за 2010

 

2012 година

Извештај за буџетска транспарентност за 2012

Клучни наоди од извештајот за буџетска транспарентност за 2012

Индекс за буџетска транспарентност за Македонија за 2012

Индекс за буџетска транспарентност за Македонија за 2012 (македонски)

Прашалник за утврдување на индексот за Македонија за 2012

 

2015 година

Извештај за буџетска транспарентност за 2015

Клучни наоди од извештајот за буџетска транспарентност за 2015

Индекс за буџетска транспарентност за Македонија 2015 (Рангирање на опфатени земји)

Индекс за буџетска транспарентност за Македонија за 2015 (македонски)

Прашалник за утврдување на индексот за Македонија за 2015

 

Брошура за буџетска транспарентност

 

 

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар