Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Човекови права за сите во рамката Пост-2015

Здружение ЕСЕ заедно со 300 граѓански организации од целиот свет ја поддржува заедничката изјава насловена „Човекови права за сите во рамката Пост-2015“.

Човековите права заземаа значајно место во дебата околу тоа што ќе следи по Милениумските развојни цели во 2015 година. Во својата суштина рамката Пост-2015 која е базирана на човекови права се менува од модел на солидарност во модел на правда, базиран на вроденото достоинство на луѓето како носители на човековите права, националните влади како примарни носители на должноста, како и сите развојни актери кои делат заеднички одговорности кои сепак се разликуваат.

Соодветно на претходното, рамката Пост-2015 треба да биде дизајнирана како алатка која ќе ги зајакне луѓето и ќе им овозможи – индивидуално и колективно – да ги мониторираат нивните влади, другите влади, бизнисите, меѓународните организации и другите развојни актери, како и да бараат отчетност од истите за нивното делување кое ги засега животите на луѓето внатре во, меѓутоа и преку границите.

Одржливата развојна рамка базирана на човековите права може да послужи како инструмент кој ќе им помогне на луѓето и на државите да ги надминат структурните пречки кон инклузивен и правичен развој, да ги превенира конфликтите и да стимулира имплементација и зајакнување на сите човекови права – граѓански, политички, економски, социјални и културни права, правото на развој и правото на здрава животна средина.

Со оваа изјава ги повикуваме владите, меѓународните организации и сите релевантни актери да ги преземат потребните чекори за остварување на овие цели.

Прочитајте ја целосната изјава

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар