Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Презентирање на Извештај за здравство во рамки на процесот на Универзален периодичен преглед (УПР), Совет за човекови права при ООН, пред - сесија (29.11.2013)-Женева

Марија Гелевска во име на  Здружението ЕСЕ на 29.11.2013, во рамки на процесот на УПР при Советот за човекови права при ООН, во Женева ги презентираше клучните сфери на загриженост и препораките за унапредување на здравствениот статус на повеќе ранливи групи во Р. Македонија.

Извештајот за здравство кон вториот циклус на известување на Р.Македонија во рамки на Универзалниот периодичен преглед, беше подготвен од страна на Здружение ЕСЕ со поддршка на Фондациите отворено општество, Њујорк и Македонија, во заедничка соработка со 10 граѓански организации: КХАМ, Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, ХЕРА, ХОПС, ЛГБТ Центар –Хелсиншки Комитет за човекови права, Национален Ромски Центар, Порака, Ромски Ресурсен Центар,  Рома СОС и Отворена Порта-Ла страда.

Овој поднесок за здравство  ги содржи клучните проблеми и препораки за унапредување на здравјето на следниве ранливи категории на население: Роми, лица кои живеаат со ХИВ/СИДА, ЛГБТ лица, жени, лица со интелектуална попреченост и жртви на трговија со луѓе.

Учеството на пред - сесијата имаше за цел презентирање на состојбите во Р. Македонија  во однос на почитување на севкупниот корпус на човекови права, како и преземените активности во насока на  унапредување на состојбите од 2009 година (Првиот циклус на известување на РМ)  до вториот циклус на известување, односно февруари, 2014 год.

Во прилог:

1. Statement UPR – Association ESE - Republic of Macedonia

2. Joint submission on health to the UPR - ESE and other CSO’s

3. Key issues of Concerns  and Recommendations

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар