Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Корисноста на CEDAW Конвенцијата и усвоените Генерални препораки на Комитетот во однос на постигнување на родова еднаквост во Р. Македонија

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ-ЕСЕ во соработка со IWRAW - International Women’s right Action Watch Asia Pacific,  во период од 15 до 17 мај, 2013 година организираше тридневна работилница на тема: „Корисноста на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на насилство врз жената (CEDAW) и усвоените Генерални препораки на Комитетот во однос на постигнување на родова еднаквост во Република Македонија. Работилница е наменета за граѓански здруженија кои работат на полето на унапредување на човековите права, особено на  полето на унапредување на женските човекови права и постигнување на родова еднаквост.

Оваа работилница е дел од активностите кои ЕСЕ  ги презема на полето на мониторинг на женските човекови права  и независно известување за состојбите пред соодветните меѓународни тела, особено пред Комитетот при Обединетите нации задолжен за следење на имплементацијата на Конвенцијата CEDAW. Имено, на 54-тата сесија на Комитетот одржана оваа година, Република Македонија известуваше  во однос на имплементацијата на одредбите од Конвенцијата (четврти и петти извештај), додека ЕСЕ и Акција Здруженска известија  за состојбите врз основа на подготвениот извештај во сенка. Извештајот во сенка беше подготвен со помош и соработка на дванаесет граѓански организации.

Работилницата имаше за цел да ги унапреди познавањата и вештините  на претставниците на релевантните здруженија на граѓани во однос на корисноста на Конвенцијата,како и да обезбеди широк консултативен процес со цел понатамошно следење на имплементацијата на усвоените заклучни препораки на Комитетот во однос на нашата држава.
 

     
 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар