Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Прес конференција и тркалезна маса на тема „Граѓанските организации известија за напредокот на полето на родова еднаквост и дискриминација врз жената пред соодветниот Комитет на ООН во Женева“

ЕСЕ и Акција Здруженска одржаа прес-конференција во четврток, 28 февруари 2013 година, во ГЕМ клубот со почеток од 11 часот.

На прес конференцијата беа презентирани клучните наоди за состојбата на жената во РМ, а говореа Марија Гелевска од ЕСЕ, Марија Савовска од Акција Здруженска и Наташа Бошковска од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

По одржувањето на прес конференцијата, се одржа тркалезна маса наменета за здруженија на граѓани кои работат на полето на унапредување на човековите права и женските човекови права.

Тркалезната маса имаше за цел размена на искуства и сознанија во однос на презентираните состојби за прогресот на полето на родова еднаквост и дискриминација врз жената но и пренесување на искуството од известувањето на здруженијата на граѓани на 54-тата сесија на Комитетот CEDAW.
На истата присуствуваа претставници од следните граѓански организации: ЛИЛ, Здружение за локален рурален развој, ХЕРА, Акција Здруженска, Фондација Отворено Општество Македонија, Ла Страда, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, Порака, Национална СОС Линија за заштита од насилство и Центар за човекови права и разрешување на конфликти.
Присутните изразија загриженост во однос на незадоволителниот степен на имплементирање на политиките за родова еднаквост, како и растечкиот тренд на промовирање на патријархални норми и вредности во односите помеѓу мажите и жените во нашата држава.

 

 

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар