Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Цeната на нов локдаун за економијата – Колку понавремен, толку побезопасен

Прашањето за воведување на најстроги рестрикции како карантин и полициски час постојано се наметнува и се дискутира во јавноста – треба ли владата да ги затвори баровите и рестораните? Треба ли училиштата да се затворат и сите деца да следат настава онлајн? Искуствата на другите земји покажаа дека државите најтешко погодени од првиот бран ги донесоа овие одлуки премногу доцна. Оние што се најтешко погодени од вториот бран, ја повторија нивната грешкa. Во однос на она што најмногу ги загрижува носителите на политики, економскиот аспект на воведување полициски час, сепак искуствата на некои земји што воведоа најстроги рестрикции на движење на граѓаните навреме, како на пример Кина, сведочат дека штетите за економиите на краток рок можеби се големи, но со таков пристап на запирање на трансмисијата на вирусот, всушност избегнаа длабока рецесија во која паднаа повеќето други држави. Кинеската економија се намали за 6,8% во првиот квартал, но порасна за 3,2% во вториот квартал и 4,9% од јули до септември. Македонските здравствени власти засега остануваат на ставот дека полициски час во оваа фаза не е потребен, туку ќе се обидат со други рестрикции како ограничено групирање и задолжително носење на маски па дури и на отворено, но не и во барови и ресторани, да го намалат ширењето на вирусот. Економистите се децидни дека ако сакаме економијата да закрепне побрзо, мора прво да го ставиме вирусот под контрола. Оттаму, секоја одложена одлука е всушност поголема штета, и за здравјето на граѓаните и за економијата. 

Повеќе...

Онлајн конференција „Глобален дијалог на лидерите во правосудството - Правда за сите во услови на криза“

Во организација на Министерството за правда на Канада, ОЕЦД и глобалната иницијатива за Отворено Владино партнерство, се одржа онлајн конференцијата „Глобален дијалог на лидерите во правосудството – Правда за сите во услови на криза“ на која земаа  учество голем број на министри за правда од целиот свет, кои дискутираа и споделија искуство за предизвиците и справувањето со  последиците од пандемијата во правосудството.

Пандемијата, како и финансиските и економските импликации кои таа ги предизвика, но и предизвиците со кои се соочуваат општествата во социо-политичка смисла постави сериозен предизвик и пред правосудните системи низ светот. Пандемијата ги направи видливи нееднаквостите и во контекст на правдата, а воедно и ги постави правосудните системи и судските службеници на првата линија во справувањето со пандемијата содавајќи и имплементирајќи мерки кои го ограничуваа правото на слободно движење, а сè со цел намалување на ширењето на пандемијата.

Повеќе...

Одржани е-информативни средби за едукација при подготовка на петтиот Национален акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023

Република Северна Македонија е дел од глобалната инцијатива Отворено владино партнерство (ОВП), која претставува меѓународна платформа во чиишто рамки властите и граѓанските организации се залагаат владите да бидат поотворени и поодговорни пред нивните граѓани. Досега Владата на РСМ има усвоено четири акциски планови (во 2012, 2014, 2016 и во 2018 година), а според временската рамка, во наредниот шестмесечен период, нашата земја ќе работи на подготовка на петтиот Национален акциски план за ОВП за периодот 2021-2023 година, процес кој предвидува вклучување на сите релевантни чинители.

Информативните средби имаат за цел да ја промовирата иницијативата ОВП меѓу граѓанските организации и државните институции и подетално да ги информира и едуцира за значењето на ОВП процесот, како секој може да се вклучи и придонесе, кои се придобивките и остварениот напредок, кои приоритетни области ќе се решаваат во НАП5, динамика на спроведување на процесот, начинот на координација, кокреација и следење на НАП5 и најава за алатката во изработка за спроведување на онлајн консултации за ОВП.

Повеќе...

Конститутивен состанок на ОВП Коалицијата за правда

Изминатите неколку години, правдата и промоцијата на транспарентно, достапно и инклузивно судство е во фокус на иницијативата за отворена власт. Поаѓајќи од ова сознание, иницијативата за Отворено Владино партнерство создаде ОВП Коалиција за правда, група на ОВП членки, граѓански организации и останати национални и меѓународни партнери кои се работат на креирање систем в кој граѓаните се во фокус.

На 21 октомври 2020 се одржа онлајн конститутивен состанок на ОВП Коалицијата за правда на кој учествуваа ОВП членки кои ко-креираат и имплементираат заложби врзани со правосудство, претставници на граѓанското општества, приватниот сектор но и меѓународни организации.

На настанот се начнаа повеќе теми врзани со креирањето синергии но и прогресот направен во врска со пристапот до правда, отворено судство како концепт но и правда во функција на отвореното владино партнерство. Воедно учесниците споделуваа размислувања и опции за потенцијални соработки врзани со пристапот до правда, а воедно и се осврнаа на предизвиците н и можностите кои пандемијата со Ковид-19 ги постави пред правосудните системи во светот.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар