Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Општините нетранспарентни за буџетите

Граѓаните тешко можат да стигнат до информации како општините ги трошат нивните пари. Анализите на невладината „Коалиција за буџетски мониторинг“ покажале дека скопските општини Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Чаир, Шуто Оризари и Зелениково генерално се нетранспарентни во однос на намените за кои се трошат буџетските средства. Локалните самоуправи на нивните интернет страници објавуваат дел од документите, што се однесуваат на нивните буџети, но тие се или тешко достапни или неразбирливи за најголем дел од граѓаните. 

- Има недостиг на документи кои би требало да се јавно достапни за граѓаните и веб страните не се користат како алатка со која тие ќе се информираат. Тоа ги доведува граѓаните до апатија, со оглед на тоа што не се во можност активно да придонесуваат во процесот на буџетирање, вели Агим Селами од „Зип Институт“. 

Според невладините, ниту една од шесте општини не прави никакви напори да ги приближи овие информации до граѓаните, но од друга страна ниту граѓаните не се заинтересирани да се вклучат во одлуките како да се трошат општинските пари. 

- Интересен е податокот дека на прашањето што тие би направиле за да ги отворат буџетските процеси, немаме никакви одговори. Секој ќе треба да го преземе својот дел од одговорноста. И општините да ги отворат тие процеси, и граѓаните да навлезат во она што значи локално планирање, бидејќи во крајна линија тие планови се однесуваат на нивните потреби, рече Марија Савовска од „Акција Здруженска“.

Истражувањето на Центарот за економски анализи и на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ покажа дека ниту државните буџетски институции не се транспарентни и отчетни за начинот на кој ги трошат парите. Имено, дури 96,7 отсто од нив го немаат објавено тековниот буџет, а 90 отсто од институциите не ги објавуваат завршните сметки

Извор: Телма

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар