Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Министерството за финансии го објави својот билтен за септември

Министерството за финансии во текот на месец ноември 2014 година го објави месечниот Билтен на Министерството за финансии во кој дава осврт на краткорочните економски движење во РМ.

Со билтенот се дава нагласок на следното:

- Индустриското производство во септември 2014 година во споредба со септември 2013 година забележа раст од 9,1%;

- Инфлацијата на годишна основа изнесува -0,7%, додека на месечна основа остана непроменета, со што просечната стапка на инфлација во периодот јануари - септември 2014 година изнесува -0,2%;

- Извозот во периодот јануари - септември 2014 година забележа раст од 16,2%, додека увозот раст од 10,0%, што резултираше со стеснување на трговскиот дефицит за 1,3% во однос на истиот период од 2013 година;

- Во периодот јануари - септември 2014 година вкупните приходи во Буџетот забележаа зголемување од 1,5%, а вкупните расходи раст од 2,7%; дефицитот на Буџетот на РМ во овој период изнесува 17.454 милиони денари (3,3% од БДП), а дефицитот на Централниот буџет 15.214 милиони денари (2,9% од БДП);

- Раст од 9,4% на вкупните кредити кон приватниот сектор на годишна основа и раст од 8,7% на вкупниот депозитен потенцијал на банките.

Прочитај повеќе

Извор: Министерство за финансии на РМ

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар