Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Започна собраниската расправа по предлог буџетот на РМ за 2015 година

Собраниската расправа по предлог буџетот на РМ за 2015 година започна без присуство на опозицијата, а со обраќање на министерот за јавни финансии. Индикаторите за напредок на РМ и макроекономските проекции кои беа презентирани во експозето на министерот се речиси идентични како и оние наведени во предлог буџетот за 2014 година.

Односно, на седницата министерот го наведе следното: Заштита на стандардот на граѓаните преку зголемување на платите на администрацијата, пензиите и социјалните надоместоци и повеќе средства за капитални проекти, се главните цели на буџетот за наредната година, рече министерот за финансии Зоран Ставрески на почетокот на Собраниската расправа за буџетот. За следната година се предлага буџет од 2,95 милијарди евра. Капиталните инвестиции се проектираат на 345 милиони евра. Приходите се проектирани на 2,65 милијарди евра, а расходите на 2,95 милијарди евра, односно се предвидува буџетски дефицит од 300 милиони евра или 3,5 отсто од БДП. Растот на економијата е проектиран на 4 проценти, а инфлацијата до два проценти. Расправата за буџетот според Деловникот на Собранието треба да заврши за пет дена.

Погледни ги сите документи поврзани со оваа вест:

Предлог закон за извршување на буџетот на РМ за 2015 година

Предлог буџет на РМ за 2015 година

16.10.2014 година

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар