Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Се менува дефиницијата за јавен долг – дали вака ќе се намалат и долговите?

Законската дефиниција за јавен долг се менува. Се стеснува опфатот на субјекти чии долгови во иднина ќе се пресметуваат како јавен долг. Собранието по скратена постапка ги прифати законските измени предложени од Владата, па така во иднина долговите на НБРМ, на општините, на јавните претпријатија и на трговските друштва во сопственост на државата или општините, за кои државата не дала гаранција, нема да влегуваат во пресметките за висината на јавниот долг.

„Во рамките на практичната примената на законот се покажа дека долгот на НБРМ како дел од опфатот на долгот само за статистички цели, креира одредени забуни во информирањето на податоците на долгот“, стои во образложението на предлог-промените.

„Ефикасното управување со јавниот долг е од суштинско значење и подразбира намалување на ризикот при конципирање на структурата и  политиката за управување со долгот, со цел избегнување на евентуалната неможност за редовно и навремено сервисирање на долгот. Основната цел е да се обезбедат неопходните средства за финансирање на буџетскиот дефицит, особено средства за проектно финансирање, без притоа да се предизвика неоправдано зголемување на долгот до ниво кое може да ја загрози стабилноста на економијата и економскиот раст на државата“, рече заменик министерот за финансии Ардиан Џеладини кој го бранеше предлогот.

Новиот начин на пресметка на јавниот долг ќе даде појасна слика дали економијата се движи во добра насока, сметаат пратениците од власта кои велат дека така ќе сопрат шпекулациите дека сме биле многу задолжена земја.

Закон за изменување и дополнување на законот за јавен долг, Службен весник бр. 139/2014

Извор: Фактор МК

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар