Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

За половина година Владата ги преполовила парите на својата сметка во НБРМ!

Вкупно се повлечени 8,9 милијарди денари односно 144,3 милиони евра , а најголеми повлекувања пари од сметките има во периодот јануари –февруари 68,8 милиони евра и во периодот март - април уште 40,5 милиони евра

Владата ги намалила своите депозити во Народната банка за 8,9 милијарди (144,3 милиони евра) денари за период од шест месеци, од почетокот до крајот на јуни годинава, покажуваат новите официјални податоци на централната банка објавени на нејзината интернет страница. Во овој период од шест месеци Владата ги преполовила , односно ги намалила за 54 отсто, парите што ги имала на своите сметки во централната банка.

Во ставката трансферабилни депозити кои се исклучени од монетарната база Владата на почетокот на годинава чувала 16,52 милијарди денари односно (268,23 милиони евра). На крајот на јуни на своите сметки кај централната банка Владата имала 7,6 милијарди денари односно 123,38 милиони евра.

Засега нема официјално образложение за кои намени биле трансферирани или потрошени овие 144,3 милиони евра од сметките во централната банка. Според аналитичари можно е да се работи за плаќања кои Владата ги сервисирала во одредениот временски период. Постои можност тие средства само да биле трансферирани во други банки или со нив да биле плаќани некои достасани обврски на Владата.

Некои аналитичари ја оставаат отворена и можноста, дека во најголема мерка, одлевањето на парите се должи на тоа што со тие пари би можеле да бидат плаќани и сервисирани одредени обврски кои Владата морала да ги плаќа во периодот пред и за време на предвремените парламентарни избори – период во кој не смее да се задолжува со издавање на домашни краткорочни хартии од вредност односно државни записи.

Гледано според месеци најголем одлив има на преодот од јануари во февруари кога Владата од сметките во централната банка извлекла 4,24 милијарди денари односно 68,8 милиони евра. Во следниот месец – март сметка била потенка само за 111 милиони денари што е убедливо најмалото повлекување на пари од тие сметки. Во преодот од март во април Владата од сметките повлекла 2,5 милијарди денари односно 40,55 милиони евра и на крајот на април на сметките останале 9,67 милијарди денари. Во наредниот месец од сметките биле повлечени дополнителни 0,92 милијарди денари (14,9 милиони евра) и на крајот на тој месец останале на располагање уште 8,76 милијарди денари. До крајот на јуни биле повлечени дополнителни 1,12 милијарди денари односно 18,26 милиони евра со што на сметката останале расположливи 7,63 милијарди денари.

Извор: Фактор МК

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар