Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Владата го усвои мини-ребалансот на Буџетот

На синоќешната седница на Владата е усвоен  ребалансот на Буџетот и истиот е доставен до Собранието на Република Македонија. Според министерот Ставревски станува збор за мини-ребаланс кој изнесува околу 2 отсто од вкупните приходи и расходи.

 - Причината е да се усогласи динамиката на расходи која е подобра од предвидувањата посебно во делот на инфраструктурата со динамиката на приходната страна. Со ребалансот обезбедивме дополнителни средства за реализација на одредени инфраструктурни проекти, вели Ставрески.

Тој посочи дека за разлика од некои земји, од Србија и Португалија кои ја намалија платата за 10 проценти, во Македонија не само што ќе нема намалување на платите и пензиите, туку напротив октомвриската плата на јавната администрација ќе и биде зголемена за 5 проценти како што беше најавено, а по Нова година ќе следи и зголемување на пензиите.

Буџетскиот дефицит со ребалансот ќе оствари благо зголемување од 3,5 на 3,9 отсто од БДП.

- Тој простор ќе го искористиме за дополнителни средства од милијарда и 43 милиони денари за поинтензивна градба на Коридорот 10. Таму градбата оди добро и сакаме годинава да се до завршат работите побрзо, затоа обезбедуваме дополнителни средства, изјави Ставрески дополнувајќи дека ќе има и дополнителни средства во делот на социјалните примања.

Кратењата се рамномерни во делот на стоки и услуги на трансфери и на капитални расходи, при што рамномерен е износот на намалување на сите позиции и кај сите буџетски институции.

-Со овој мини ребаланс ќе успееме да останеме во зоната на фискална стабилност и да обезбедиме непречено реализирање на сите проекти на Владата на РМ. Со тоа ќе обезбедиме долгорочна макроекономска стабилност и реализација на поголем економски раст кој годинава очекуваме да биде над 3,5 отсто – вели министерот Ставрески.

Извор: Фактор МК

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар