Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

НБРМ: Владата позајмува повеќе пари од банките отколку приватните компании!

Во првиот квартал годинава централната влада просечно дневно се задолжувала кај банките по 698.330 евра односно 109.330 евра повеќе од дневното задолжување на приватниот сектор

Деловните банки во земјава повеќе и позајмуваат пари на централната власт (Владата) одошто на приватните компании, покажуваат официјалните податоци за првите три месеци од годинава на Народната банка на Република Македонија (НБРМ), објавени на нејзината интернет страница.

Според тие показатели од статистиката на Народната банка, централната влада од банките и штедилниците во периодот јануари – март годинава позајмила 3,87 милијарди денари односно 62,85 милиони евра. Тоа значи дека просечно дневно централната власт од деловните банки зајмела 698.330 евра во денарска противвредност.

Наспрема централната власт, деловните банки за истиот период на приватниот сектор во кредити му пласирале вкупно 3,266 милијарди денари односно 53 милиони евра. Тоа значи дека просечно дневно банките на приватните компании им зајмеле  по 589.000 евра.

Кога ќе се споредат двата показатели излегува дека Владата во име на централната власт просечно дневно од банките зајмела 109.330 евра повеќе од тоа што просечно дневно го зајмеле компаниите од приватниот сектор во земјава.

Дополнително, Владата зајмела и од компаниите кои, во статистиката на НБРМ се водат во ставката „останати финансиски институции“, а тоа се пред се осигурителните компании, инвестициските фондови и приватните пензиски фондови. Според статистиката на НБРМ, централната власт од нив во првите три месеци годинава позајмила 1 милијарда денари односно 17,17 милиони евра.

Во првиот квартал централната власт се задолжила и кај Народната банка на Република Македонија за 165 милиони денари односно за 2,68 милиони евра.

Од извештајот на НБРМ произлегува дека во првиот квартал годинава задолжувањето на централната власт од трите извори: деловните банки и штедилници, останатите финансиски институции и НБРМ изнесува 82,7 милиони евра односно за толкав износ кумулативно се поголеми побарувањата на овие три извори од централната власт.

Извор: Фактор МК

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар