Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

НБРМ: Владата должи над милијарда евра на банки, штедилници, фондови и осигурителни компании

Заклучно со крајот на март годинава централната влада кај банките должи 689,4 милиони евра, а кај осигурителните компании и кај фондовите должи уште 363,5 милиони евра

Централната влада должи 1,053 милијарди евра на домашните деловни банки, штедилници, осигурителни компании, пензиски фондови и инвестициски фондови заклучно со првиот квартал оваа година, покажуваат официјалните податоци на Народната банка на Република Македонија (НБРМ), објавени на веб страницата на централната банка.

Според достапните податоци централната влада на „останатите депозитни институции“ (н.з. банки и штедилници) им должи 42,47 милијарди денари (689,4 милиони евра) заклучно со 31 март годинава. Споредбата со почетниот период даден во табелата на НБРМ 31 март 2012 година покажува дека тогаш централата влада должела 17, 34 милијарди денари (281,5 милиони евра). Значи за период од две години централната влада го зголемила својот долг кон банките за 21,41 милијарди денари (347,6 милиони евра). Споредбата покажува дека за период од две години го зголемила својот долг кон банките за 123 отсто.

Гледано по квартали (тримесечни периоди) најголемо задолжување е регистрирано помеѓу 31 март и 30 јуни 2012 година кога централната власт го зголемила својот долг за повеќе од 8,1 милијарди денари (131,5 милиони евра) за само 90 календарски денови.

Кај „останатите финансиски институции“ т.е. осигурителните компании, пензиските и инвестициските фондови состојбата е за нијанса поразлична. Вкупниот долг на централната влада кон тие приватни компании изнесува 22,39 милијарди денари (363,5 милиони евра) заклучно со 31 март годинава. Споредбата со 30 март 2012 година покажува дека долгот на централната влада пораснал за 138,6 милиони евра односно за 8,54 милијарди денари. Од ова може да се заклучи дека централната власт овој извор го користи како дополнителен и дека примарен извор за задолжување се деловните банки и штедилници во земјава.

Податоците покажуваат дека „останатите финансиски институции“ (ОФИ) во централната власт кредитирале во поголема мерка во периодот 2012-2013 година ако се споредат првите квартали од 2012 година , па 2013 година и во 2014 година. Од крајот на март 2012 година до крајот на март лани долгот на централната влада кон ОФИ се зголемил за 4,83 милијарди денари, а во периодот од крајот на март лани до крајот на март годинава пораснал за 3,71 милијарди денари.

Извор: Фактор МК

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар