Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Државата ќе позајми уште 13,8 милиони евра!

Со три аукции на државни хартии од вредност, државата денеска е планирано да се задолжи за нови 13,8 милиони евра на домашниот пазар.

На продажба се два едногодишни државни записи со девизна клаузула – едниот е со износ од 9,7 милиони евра, а другиот на износ од 1,6 милиони евра.

Третата аукција ќе се организира за продажба на десетгодишна државна обврзница со девизна клаузула и со износ од 2,4 милиони евра.

Веќе утре на државата и доспеваат за враќање околу 14 милиони евра на домашниот пазар.

Практиката покажува дека на последните аукции на државни хартии од вредност се намалува интересот кај банките, но затоа се зголемува интересот кај другите клиенти – фондови, јавни претпријатија и други купувачи.

Според последните податоци на Министерството на финансии, заклучно со мај јавниот долг на централната влада изнесува  2.818.000.000 евра или 34,9 отсто од бруто домашниот производ.

Пред само неколку дена, државата се задолжи со 500 милиони евра и на меѓународниот пазар, така што издаде еврообврзница со рок на доспевање седум години каматна стапка од 3,97%.

Извор: Фактор МК

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар