Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Соопштение за јавност од Мрежата за заштита од дискриминација - 07.05.2014

Комисијата за заштита од дискриминација повторно утврди вознемирување по основ на сексуална ориентација

Комисијата за заштита од дискриминација во своето мислење по поднесената претставка против учебниците Медицинска Психологија и Психијатрија том 1 и том 2, утврди дека постои вознемирување по основ на сексуална ориентација. Претставката е пратена од организациите на Мрежата за заштита од дискриминација*, која работи на тестирање на имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Се работи за три учебници кои се користат во високото образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” како психолошко-психијатриска стручна литература за студентите по медицина, психологија и други сродни студии. Учебниците содржат хомофобична содржина која хомосексуалноста ја претставува како ментално растројство, инверзија на сексуалниот нагон, се дефинира „нормална сексуална активност“како сексуална активност на лица од различни полови итн. Во Медицинската Психологија дури е напишано:“Во Кривичниот закон на Македонија се уште егзистира и е казнив противправниот блуд меѓу машките лица“,иако учебникот е издаден 2004 година, а хомосексуалноста е декриминализирана со Кривичниот закон од 1996 година.

Во современата научна мисла под сексуална ориентација се признати хомосексуалноста, хетеросексуалноста и бисексуалноста (додека во повеќе научни трудови се зборува и за асексуалноста). Меѓународна статистичка класификација на болести и здравствени проблеми на Светската здравствена организација (МКБ-10 ревизија), како и Дијагностички и статистички прирачник на ментални растројства (ДСМ IV- ТР), како најрелевантни извори ја имаат исфрлено сексуалната ориентација како ментално растројство уште во 1987 година, со што во МКБ-10 ревизија пишува дека “Сексуалната ориентација, сама по себе, не треба да се смета за растројство.”

Комисијата дава препорака да се отстранат и исфрлат од употреба посочените делови од учебниците, додека во образложението наведува дека во своите изјаснувања повеќето од авторите на учебниците се извинуваат за настанатите грешки во посочениот текст.

Ја поздравуваме одлуката на Комисијата, како и извинувањата на авторите. Се надеваме дека Комисијата ќе утврди дискриминација по основ на сексуална ориентација и родов идентитет и во останатите учебници со слична содржина. Сакаме да посочиме дека не е доволно да се отстрани хомофобичната содржина, туку е потребно истата да се замени со содржина согласно современата научна мисла. Игнорирањето на хомосексуалноста во стручна литература во која се зборува за сексуалноста е исто така проекција на хомофобичен став, бидејќи со тоа не се признава постоењето на ЛГБТИ заедницата.

Соопштение - Комисијата за заштита од дискриминација повторно утврди вознемирување по основ на сексуална ориентација

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар