Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

ДОЛГОВИ: Во март, раст на надворешната задолженост за 50 милиони евра!

Во март Јавниот долг на Централната Влада достигна 2 милијарди и 850 милиони евра или се искачи на ниво од 35,7% од Бруто домашниот производ. Според податоците на Министерството за финансии, само за еден месец или од февруари до март вкупната задолженост е зголемена за 42,2 милиони евра. Во однос на салдото од крајот на 2013-та година, јавниот Долг на Централната влада е зголемен за скоро 93 милиони евра.

Според мартовските податоци, растот на долгот е резултат на зголемените задолжувања кон странство. Имено, во март податоците укажуваат дека внатрешната задолженост е намалена за скоро 10 милиони евра и изнесува 1 милијарда и 587 милиони евра, на сметка на надворешната задолженост која за еден месец е во пораст од 50 милиони евра и достигна ниво од 1 милијарда и 253 милиони евра.

Структурата на задолженоста покажува дека 56% од долгот е кон странство додека 44% отпаѓаат на долговите кон домашните кредитори. Вкупниот долг на Централната влада во март изнесува 80,5% од извозот.

Извор: Фактор МК

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар