Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Кои се домашните кредитори на Владата?

Банките повторно го зајакнаа своето учество во кредитирање на Владата преку државните хартии од вредност, имено од почетокот на оваа година, заклучно до март 56,9% од внатрешниот долг отпаѓа токму на банките кои на државата и позајмиле 658 милиони евра.

Второто место го заземаат и го зајкнуваат пензиските фондови. Според податоците, во март 23,5% од внатрешниот долг отпаѓа токму кон пензиските фондови. На почетокот од 2012 та година нивниот удел бил само 4,61%. Но во текот на годината нивното учество зналајно расте надминувајќи 23%. Веќе во 2013 та уделот надминува 24% и тој се одржува околу ова ниво, по што заклучно со првиот економски квартал државата на Пензиските фондови им должи 271,7 милиони евра.

Слечен тренд е регистриран и кај осигурителните компании, чиј удел во внатрешниот долг во март изнесувал 3,82% или за државни хартии од вредност тие чуваат 44,1 милион евра.

Како кредитори се јавуваат и други нефинансиски друштва и јавни претпријатија. Така под ставката “друго“ Владата должи 179 милиони евра.

Пред два дена Владата повторно продаде долгорочни хартии од вредност со рок на доспевање од пет, односно десет години.

Извор: Фактор МК

 

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар